Вистинската дама не ја следи модата слепо, таа нема идоли и многу добро се познава себеси. Таа е своја, не се преправа. Поимот „дама“ не е застарен и не се однесува само на жените од минатото. Вредностите кои ги подразбира се вечни и никогаш не треба да се заборават. Во тој контекст погледнете кои одлики ја красат вистинската дама и кои работи никогаш не би можеле да ги забележите кај неа…rnrn
rnrn
ВИСТИНСКАТА ДАМА ИМА:
rn
Нежни раце
rnСекогаш негувајте ги вашите раце. После секое миење ставајте крема, а еднаш неделно направете пилинг. Ноктите секогаш нека ви бидат лакирани, макар со безбоен лак.rn
Здрава коса
rnКосата пред сѐ треба да биде измиена, а потоа и негувана. Редовното потстрижување е задолжително бидејќи расцветените врвови не се прифатливи. Доколку се фарбате, користете квалитетна боја за коса.rn
Прекрасен тен
rnНе постои ситуација во која не можете да си дозволите себеси да го исчистите лицето наутро и навечер. Еднаш неделно правете пилинг, а доколку сте во можност, одете редовно на козметичар. Подобро е да се откажете од неколку нови парчиња облека, отколку од убава кожа.rn
Здрави заби
rnЗа да немате непријатен здив, морате да ги миете забите после секој оброк и притоа убаво да ги исчистите со забен конец. Редовните посети на заболекарот се подразбираат.rn
Добра хигиена
rnДоколку сакате да ја носите титулата „дама“ мора да се туширате секој ден, а понекогаш дури и по два пати. Облеката мора да биде совршено чиста и испеглана. Парфемот не мора да биде модерен, туку одберете некој што ќе ви прилега.rn
Вистински избор на шминка
rnСвечената шминка е за навечер, а суптилната за преку ден. Ова е правилото по кое се водат дамите. Боите наметнати од модните трендови не доаѓаат предвид, доколку не ви одговараат. Никогаш не ја поправајте шминката на јавно место!rnrn
rnrn
ВИСТИНСКАТА ДАМА НЕМА:
rn
Силикони
rnЖените со стил не се вештачки и на нив нема ништо претерано, што не може да се каже за силиконите. Немојте да бидете мрзливи и цврстите гради одржувајте ги со физички вежби и правилна нега. Големината не е важна, важно е како ги носите.rn
Пораснат корен на косата
rnДоколку се фарбате, никогаш немојте да дозволите да ви порасне коренот на косата. Тој детаљ праќа порака дека сте мрзливи, неуредни и дека не водите грижа за себе. А кој не се грижи за себе, не се грижи ни за другите.rn
Бркови
rnРедовното отстранување на вишокот влакненца од лицето е задолжително, особено над усните. Брковите се резервирани за мажите. Доколку имате погусти влакненца, депилирајте ги редовно и запаметете дека тие најмногу се гледаат кога ќе ставите пудра.rn
Нападен накит
rnНакитот не смее да биде крупен и нападен, бидејќи дамите носат само префинети модни додатоци. Бижутеријата не доаѓа предвид.rn
Скинати хулахопки
rnХулахопките мора совршено да се припиваат за вашите нозе и никако не смее да бидат скинати. Секогаш имајте при рака резервен пар. Заборавете на импровизациите од типот: „Ќе ја сокријам дупката со лак за нокти“.