КАФЕ ПАУЗА

Како вашиот глас влијае врз луѓето околу вас?

Како вашиот глас влијае врз луѓето околу вас

Длабокиот глас ја подобрува меморијата, познатите гласови можат многу лесно да се слушнат или да се блокираат, гласот на љубовта звучи сосема различно од останатите… Но, не станува збор само за она што го говорите, туку и за начинот на кој го кажувате. Звукот на вашиот глас, вклучувајќи ја и неговата висина, акцент и модулација има најразлични суптилни ефекти врз начинот на кој другите луѓе ве доживуваат.rnrnКако вашиот глас влијае врз луѓето околу васrnrnПогледнете ги 10-те начини на кои звукот на вашиот глас влијае врз умот на луѓето околу вас.rn

1. Познатите гласови се издвојуваат

rnРезултатите од неколку истражувања покажуваат дека оние гласови кои нам ни се познати автоматски ни се издвојуваат од вревата во позадина. Учесниците во една неодамнешна студија успевале да го слушнат гласот на своите сопружници кога бил измешан со гласот на непознати лица. Тие можеле многу лесно да погодат кој е гласот на нивниот партнер, а кој е на непознатиот. Она што е интересно е дека луѓето, доколку сакале, успевале многу полесно да го игнорираат гласот на нивните брачни партнери. Па, можеме слободно да заклучиме дека познатите гласови полесно се слушаат, но исто толку лесно можат и да не се слушаат.rn

2. Постои т.н. глас на љубовта

rnДали сте забележале дека постои суптилна разлика во гласот на луѓето кога тие зборуваат со личноста која ја сакаат? И покрај тоа што оваа разлика е премногу мала, луѓето можат да ја забележат за само 2 секунди. Една од авторките на студијата, Сузан Хјуз, објаснува дека гласот на новите љубовници има специфичен тон:rn

„Постои некаква ранливост во гласовите на оние кои се во почетна фаза на заљубеност. Веројатно затоа што луѓето не сакаат да бидат напуштени.“

rn

3. Жените ги привлекуваат мажи со подлабоки гласови

rnИ покрај тоа што ова откритие не е воопшто ново, сепак крие огромна мистерија. Прашањето кое сè уште стои неодговорено е: „Зошто?“ Ако малку размислите, можеби би заклучиле дека длабокиот глас може да биде знак на повисок и посилен маж, со повеќе мускули… Но, кога жените биле тестирани, се открило дека длабокиот глас ги асоцира на потежок маж. Со други зборови, мажите со подлабок глас можат да бидат ниски, со прекумерна тежина и без никакви мускули.rn

4. Длабокиот глас полесно се помни

rnМажите со подлабок глас имаат многу повеќе предности. На пример, тие звучат како лидери, во одредени ситуации луѓето повеќе гласаат за нив и жените многу полесно ги помнат.rn

5. Мажите ги привлекуваат жени со повисоки гласови

rnИсто како што жените преферираат мажи со низок тон на гласот, мажите преферираат жени со тенок (кога поголема количина на воздух поминува низ гласните жици) и висок глас, но не премногу висок и пискав. Образложението лежи во фактот што високиот глас асоцира на помало тело и попокорна личност.rn

6. Тенкиот машки глас е секси

rnТенкиот женски глас звучи поатрактивно за мажите, но изненадувачки е дека и на жените им се допаѓаат мажите со ваков глас. Една од теориите зошто и на мажите и на жените би им се допаѓал тивкиот глас е дека на тој начин тие се перципираат како помалку агресивни и попристапни.rn

7. Бидете претпазливи со гласот на неверството

rnПотенцијалниот проблем кој се јавува кај мажите со длабок глас и кај жените со висок глас се знаците на атрактивност кои можат да укажуваат и на склоност кон неверство. Резултатите од истражувањата покажуваат дека луѓето се свесни за ова. Еден од авторите на студијата, професорот Дејвид Фејнберг објаснува:rn

„Мажите со повисоко ниво на тестостерон имаат подлабок глас, а жените со повисоко ниво на естроген имаат повисок глас. Високите нивоа на овие хормони се поврзуваат со неверното однесување и нашите резултати покажуваат дека индивидуите на некој начин се свесни за поврзаноста и можат да ја употребат во нивната потрага по романтичен партнер.“

rn

8. Го сакате ли вашиот глас?

rnСигурно поголемиот дел од вас слушнале снимка од вашиот глас и потоа биле изненадени од него. Многу луѓе во ваква ситуација знаат да кажат: „Ох, многу го мразам како звучи мојот глас!“rnrnНо, дали е тоа вистина? Истражувачите спровеле студија во која им давале на луѓето да слушаат серија од гласови во која тајно бил вклучен и нивниот глас. Резултатите покажале дека во просек луѓето навистина го сакаат звукот на својот глас и покрај тоа што не препознавале дека е нивен.rn

9. Странските акценти се помалку веродостојни

rnЕден проблем со оние кои имаат странски акцент е дека тие звучат помалку веродостојно. Неодамнешна студија покажала дека изјавите кои биле прочитани на странски акцент биле одбрани како помалку вистинити од оние кои биле прочитани со нативниот акцент. И покрај тоа што можеби се вмешани и предрасудите, големи се шансите дека проблемот се наоѓа во фактот дека мозокот потешко ги обработува странските акценти. За жал, нашиот ум има едно едноставно правило: ако е потешко да се разбере, големи се шансите дека не е вистина.rn

10. Имитирајте акценти за да разберете

rnДоколку две личности со различен акцент разговараат помеѓу себе, тие без да забележат почнуваат да го менуваат акцентот за повеќе да звучи како другиот. Ова се случува бидејќи доколку го имитирате акцентот на вашиот соговорник, ќе можете полесно меѓусебно да се разберете. Но, обидете се да бидете посуптилни, бидејќи доколку претерате вашиот соговорник може да се почувствува како да го исмејувате.