Кога родителите очекуваат дете, тие читаат еден куп книги за сите работи што можат да се случат за време на бременоста, учат како треба да го воспитуваат детето, како да го одржуваат безбедно, здраво и слично. Но, многу малку од овие книги споменуваат една едноставна работа која треба да ја воведете во воспитувањето на вашето дете, а која многу ќе му помогне да стане успешно во иднина.rnrnД-р Керол Двек тврди дека идниот успех на личноста зависи од типот на размислување кој ќе се развие кај детето уште од најрана возраст. Постојат 2 вида, развиен или ограничен начин на размислување.rnrn
rnrnОграничениот начин на размислување е поврзан со идејата дека нашата личност, интелект и креативни способности се непроменливи и природно ги поседуваме.rnrnРазвиен начин на размислување имаат оние кои не се плашат да се соочат со проблемите и кои поразот не го сметаат за доказ за нивната глупавост, туку за отскочна даска за развој и нови можности.rnrnКариерата, врските и способноста да се биде среќен на еден човек зависат од начинот на размислување кој ќе се формира во неговата глава уште во раното детство, па и понатаму.rnrnДетето не треба да биде пофалено поради неговиот талент, туку поради неговата способност за учење. Во продолжение прочитајте неколку примери кои ја покажуваат разликата помеѓу овие два начина на размислување…rn
Кога детето ќе прочита нешто
rnОграничен начин на размислување: „Многу си паметен!“.rnrnРазвиен начин на размислување: „Многу се трудеше за да го научиш тоа и успеа! Браво!“.rn
Кога детето ќе состави некоја сложувалка многу брзо
rnОграничен начин на размислување: „Колку паметно дете!“.rnrnРазвиен начин на размислување: „Извини што ти потрошив време на лесна сложувалка. Чекај да најдам некоја друга која ќе ти биде поголем предизвик. Знам дека го можеш тоа!“.rn
Кога детето ќе постигне добри резултати на тест
rnОграничен начин на размислување: „Освои 80 бодови на тестот? Браво!“.rnrnРазвиен начин на размислување: „Освои 80 бодови на тестот, што значи дека си на добар пат да ги научиш работите. Ако ги прегледаш задачите што си ги згрешил и пак го направиш тестот утре, сигурно ќе бидеш уште поблиску до 100 бодови.“rnrn
rnrnРазликата помеѓу двата начина на комуникација е многу суптилна, но влијанието што таа може да го има на иднината на вашето дете е огромно.rnrnКога нема да го пофалите детето поради неговиот талент, туку поради неговата упорност и способност за учење, му помагате да разбере дека тоа не било родено со вградени способности и дека треба многу да се труди за да постигне успех во животот, со многу трпение и истрајност. И кога ќе се сопнат од животните потешкотии, тоа е сосема во ред. Во таков случај, мислењето што го има детето за себе нема да биде променето, затоа што тоа ќе разбере дека сѐ зависи од трудот што го вложило и дека неговите неуспеси не се поврзани со неговиот карактер.rnrnДоктор Двек и нејзините колеги спровеле истражување на оваа тема. Во текот на две години, тие набљудувале група ученици од седмо одделение кои намерно биле воспитувани според различните методи и начини на размислување. Тие откриле дека иако децата добиле слични оценки, нивните цели во училиште биле сосема различни.rnrnГлавната цел на децата со ограничен начин на размислување била да изгледаат паметни во очите на другите, по секоја цена. Нивното однесување било определено од нивната желба да ја одбегнат спротивната ситуација. За разлика од нив, децата со развиен начин на размислување не се плашеле од неуспех. Нивната основна цел била да научат по секоја цена, без оглед на ситуацијата.rnrnОчигледно е на кои деца ќе им биде полесно да се справат со животните потешкотии и да постигнат личен развој. Така што, внимавајте како ќе го формирате начинот на размислување на вашите деца. Тоа е многу важен дел од нивното воспитување и немојте да го запоставите.