rn
11. Чамп Долон, Швајцарија
rnГлавната цел на затворот била да ги држи затворениците до судењето. Бројот на затвореници постојано се зголемувал па се појавил проблем со пренаселеност. Во затворот има 115 разни националности, а Швајцарци се само 7,2%.rn
12. Маула, Малави
rnОвој затвор е навистина пренаселен – во 2015-та година речиси 200 луѓе биле сместени во ќелија за 60. Затворениците, од кои поголемиот број се имигранти од Етиопија, мораат да делат еден тоалет со 120 луѓе и една чешма со 900 луѓе. Затворениците се хранат еднаш дневно поради малиот буџет на владата.rn
13. Ландберг, Германија
rnОва е затворот во кој Хитлер ја напишал „Мојата борба“ и во кој биле погубени 278 нацисти за нивните злодела. Денес условите се значително подобри. Затворот нуди 36 курсеви за затворениците вклучувајќи курс за пекар, електричар, сликар, касап, столар и слично.rn
14. Поправна установа Лас Колинас, Калифорнија
rnОвој затвор бил дизајниран како првата поправна установа од овој вид во САД. Овде се користи психологија на однесување и опкружување со цел да се подобри искуството и однесувањето и на затворениците и на вработените во затворот.rn
15. Поправен центар за рехабилитација Цебу, Филипини
rnОва е затвор со максимално обезбедување во кој затворениците имаат рутина со танцување како дел од секојдневното вежбање и рехабилитација. Многу од перформансите се снимаат и се објавуваат на Интернет, па затворениците се на некој начин и популарни.
Знаете ли кои се најопасните затворски банди во светот?

