КАФЕ ПАУЗА

Како да препознаете дали внесувате премногу протеини во организмот?

Како да препознаете дали внесувате премногу протеини во организмот?

Многумина избираат високопротеинска диета за да бидат во форма, односно да градат мускули. Протеините се ефикасни за намалување на тежината, но се важни и за вашето тело затоа што содржат аминокиселини и помагаат во закрепнувањето и во градењето мускули.rnrnКако да препознаете дали внесувате премногу протеини во организмот?rnrnПрепораката е да се консумираат 0,8 грама протеини на 1 килограм телесна тежина, а тој број се искачува до 1,2-1,7 грама на 1 килограм ако кревате тешки тегови или ако тренирате напорно.rnrnНо, можете да претерате со внесот на протеини во организмот. Еве како да го откриете тоа.rn

Се здебелувате

rnИако исхраната богата со протеини помага во намалувањето на тежината, ако претерате, се собираат калории што имаат спротивен ефект, па се здебелувате.rn

„Дополнителните калории се претвораат во мрснотии. Ова е особено случај ако јадете протеини од многу мрсни извори како што се сирење и мрсно месо“, објаснува диететичарката Лиз Вајнанди.

rn

Имате проблеми со варењето на храната

rnВнесувањето премногу протеини може да доведе до запек или дијареја, објаснуваат експертите од клиниката „Мајо“.rnrnДиетата базирана на протеини понекогаш го намалува внесувањето влакна кои го регулираат варењето на храната. Без доволно влакна, веројатно ќе имате болен запек. Од друга страна, ако јадете премногу млечни производи богати со протеини, може да добиете дијареја, особено ако сте нетолерантни на лактоза.rn

Ве болат бубрезите

rnАко внесувате навистина големи количини протеини подолг временски период, тоа е стресно за бубрезите, како што вели Вајнанди.rn

„Кај луѓето кои имаат висок крвен притисок или дијабетес или земаат лекови кои влијаат на бубрезите, исхраната што вклучува многу протеини може да предизвика проблеми со бубрезите или болка“, објаснува Вајнанди.

rnНејзиниот совет е да вклучите повеќе растителни протеини во вашата исхрана, на пример леќа и јаткасти плодови, кои имаат понежен ефект врз овие органи.rnrnПрочитајте кои 6 додатоци во исхраната навистина може да го зајакнат имунитетот.