Како што постојат компатибилни крвни групи за трансфузија, така и некои љубовни комбинации според крвната група се подобри или полоши во односите. Според едно јапонско учење, секоја крвна група има свој карактер и не сите се компатибилни кога станува збор за љубов.rnrn
rnrnЈапонците, водени од научникот Фурукава Такеј, во 30-тите години почнале да развиваат теорија за поврзаноста на крвните групи и карактерот. Токму затоа, денес во Јапонија скоро сите ја знаат својата крвна група, а некои фирми одат и до тој степен што ги распределуваат работниците на позиции кои им одговараат на нивната крвна група.rn
Кои крвни групи се согласуваат, а кои не?
rnПостојат многу научни докази кои ни покажуваат како одредени крвни групи полесно доаѓаат до зачеток, а наводно постојат и комбинации кои подобро функционираат во заедничкиот живот.rnrnСпоред оваа јапонска теорија, луѓето со крвната група А најдобро се сложуваат со оние кои имаат крвна група А и АБ, оние со крвна група Б со оние од групата Б и АБ, оние со крвна група АБ со оние кои се 0 и А и оние со крвна група 0 со оние од крвната група 0 и АБ.rn
Крвна група 0
rnЛуѓето со крвна група 0 по правило се многу пријателски настроени и спонтани. Тие често иницираат различни нешта и настани, иако многу често не ја завршуваат започнатата работа. Тие се креативни и во своето окружување многу популарни, а многу често сакаат и да се центарот на вниманието. Тие имаат многу поголема самодоверба отколку припадниците на останатите групи.rn
Крвна група А
rnЛуѓето кои имаат крвна група А на прв поглед делуваат многу мирно и сталожено. Но, тие всушност само успешно ги прикриваат своите мисли кои никогаш не се исклучуваат и кои знаат лесно да ги вознемират. Тие се огромни перфекционисти. Од сите крвни групи, оние кои ѝ припаѓаат на крвната група А се најсклони кон уметност и таков вид изразување. Најчесто се малку повлечени и чувствителни, но исто така се и луѓе врз кои секогаш можете да се потпрете.rn
Крвна група Б
rnЛуѓето со крвната група Б се многу приземјени и во својот живот често се ориентирани кон целите. Поради тоа се одлични работници кои не се откажуваат од своите идеи сè додека не ги спроведат. Оваа упорност може да ги чини и емотивниот живот. Од сите групи, тие се најголемите индивидуалисти кои тежнеат да бидат поразлични од останатите.rn
Крвна група АБ
rnЛуѓето кои ја имаат оваа крвна група се всушност комбинација од карактерите на А и Б, со тоа што една страна секогаш малку надвладува над другата. Прочитајте ги нивните описи и обидете се да откриете кој ви одговара повеќе. Инаку овие луѓе се секогаш одговорни, желни да им помогнат на другите, како и личности на кои сите можат да се потпрат.