Дали знаевте дека некои производи, како мемориската пена или филтрите за вода, всушност ги имаат своите почетоци во американската вселенска агенција НАСА? Се чини дека НАСА стои зад многу изуми без кои не би можеле да си го замислиме животот денес. Ова се само дел од нив.rnrn
rn
Лаптоп компјутери
rnГолеми се шансите дека ова го читате на лаптоп компјутер, а за тоа треба да ѝ бидеме благодарни на НАСА. Првиот преносен компјутер на НАСА бил наречен СПОК (SPOC – Shuttle Portable On-Board Computer). Овој уред подоцна бил надграден за секојдневна употреба и наскоро започнала и неговата комерцијализација.rn
Глобален систем за позиционирање – GPS
rnСателитскиот навигациски систем кој сите го знаеме како GPS (Global Positioning System) го користиме при секое патување. Во денешниот облик, тој е прецизен до сантиметри, но тоа не било така на почетокот. Кога НАСА го создала првиот ваков софтвер во 1990-те тој правел грешки и до 15 метри.rn
Душеци со мемориска пена
rnВселенската агенција ја измислила мемориската пена во 1970-те за да ги направи поудобни седиштата на пилотите за време на долгите патувања во вселената.rn
Дигитална фотографија
rnНаправивте селфи денес? Тоа можеби не би било возможно без технологијата на НАСА. Сензорите кои ги имаат повеќето уреди кои прават дигитални фотографии биле измислени од страна на НАСА за да се користат во вселенски мисии.rn
Филтри за вода
rnНАСА го олеснила дури и пристапот до чиста вода. Во 1960-те, вселенската агенција создала систем за филтрирање на водата кој е лесно пренослив за потребите на вселенските мисии.rn
Технологија за отпорност на мраз
rnМразот може да биде опасен кога станува збор за секој вид патување, а особено кај авионското. НАСА измислила технологија за одмрзнување која денес се користи од страна на комерцијалните авиони, со што летањето во екстремни зимски услови станало многу побезбедно.rnrnКога станува збор за НАСА, дали прочитавте дека таа нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет?