Вљубеноста е едно од најубавите нешта што можеме да ги искусиме и е инспирација за многу луѓе. Моќта на вљубувањето ја потврдило и едно неодамнешно американско истражување, кое покажало дека вљубеноста предизвикува генетски промени кај жените.rnrn
rnrnВо истражување, прво од овој тип, учествувале 47 жени и било спроведено на Универзитетот Калифорнија. Научниците сакале да откријат дали и како вљубеноста влијае врз гените. Тие зеле примерок од крв од жените кои наредните две години се вљубиле и започнале врска.rnrnСе покажало дека вљубеноста има влијание врз нивната ДНК, односно, чувството на заљубеност не ги променило само на психичко, туку и на физичко ниво.rn
„Вљубувањето ги поттикнува гените на поголемо лачење интерферон, што е дел од вродениот имунолошки одговор на вирусни инфекции“, објасниле научниците.rnrn„Вљубувањето е еден од психолошки најинтензивните искуства во човечкиот живот, и изгледа дека романтичната љубов не ни влијае само психички.“
rnЗа време на љубовната врска, нивото на интерферони се менувало кај жените, во зависност од тоа во која насока се движи врската. Доколку созрева и се развива љубов, физиолошките промени кај женското тело се ублажуваат. Кај жените кои ја прекинале врската, било забележано пониско ниво на интерферони.rnrnИако досега не е откриено зошто заљубеноста има вакво влијание на нашето тело, се претпоставува дека одговорот е во тоа што телото почнува да се подготвува за бременост кога жената ќе најде личност за која верува дека е вистинскиот партнер. Се планира да се истражува влијание на вљубувањето и кај мажите.rnrnПогледнете и кои се лудите работи кои се случуваат со вашето тело кога сте вљубени.
