Свежо цедените овошни сокови се најчестиот избор на луѓето кои внимаваат на својата исхрана, но дали ова е паметно? Едно ново истражување покажало дека можеби и не е. Имено, консумирањето овошни сокови е исто лошо за здравјето како и пиењето Кока-кола и останати газирани пијалаци.rnrn
rnrnЧестото консумирање овошни сокови, без разлика дали се купечки или 100% природни, може да го зголеми ризикот од смрт за 9%, па дури и за 42%.rnrnНаучниците докажале дека шеќерите што се наоѓаат во природниот сок од портокал, се слични како шеќерите кои се додаваат во засладените пијалаци и сокови.rn
„Засладените пијалаци, без разлика дали се газирани или овошни сокови, мораат да бидат ограничени“, изјавил професор Џин А. Велш, еден од авторите на истражувањето.rnrn„Овошните сокови овозможуваат внесување витамини, па дури и хранливи влакна, но сепак имаат премалку здравствени предности. Количеството на фитохемикалии во соковите е прениско за да имаат благотворно дејство, а таканаречените антиоксиданси немаат значајно влијание врз здравјето“, додал професорот.
rnСпоред Џин, овошните сокови се лоша замена за консумирањето свежо овошје. Имено, 150 милилитри сок од портокали е направен од два портокали. Но, потребно е многу повеќе време да изедете два портокали отколку да испиете сок од 150 милилитри.rnrnПогледнете ги и најпознатите заблуди за здравата исхрана на кои би требало да внимавате.
