КАФЕ ПАУЗА

Истражување ни открива колку често имаат секс најсреќните парови

Постои популарно мислење дека паровите што често водат љубов се најсреќни, но изгледа дека нема многу вистина во ова. Според едно неодамнешно истражување што било објавено во списанието „Society for Personality and Social Psychology“, се открило дека најсреќните парови во просек имаат секс еднаш неделно.rnrnrnrn„Нашето истражување ни покажа дека паровите што воделе љубов неколкупати неделно се помалку среќни од оние што во просек го прават тоа еднаш неделно. Исклучително важно е да се одржува интимната поврзаност со партнерот, но тоа не значи дека треба секојдневно да се има секс“, објаснила Ејми Муис, водечкиот автор на студијата.rnrnПостојат многу начини на кои можете интимно да се поврзете со партнерот, а понекогаш и едноставното држење за раце може да направи чуда за вашата врска. Од друга страна пак, и разговорот, отвореноста и искреноста се исто така важни за одржување на поврзаноста.rnrnИстражувањето открило и дека не постои разлика помеѓу половите, возраста и траењето на врската. Со други зборови, сите парови што имаат сексуални односи еднаш неделно се многу посреќни во однос на другите.rnrnДознајте и кои се 7-те јасни знаци дека имате прекрасен сопруг.