КАФЕ ПАУЗА

Истражување: Мачките го препознаваат своето име, само одбираат да нè игнорираат

Истражување: Мачките го препознаваат своето име, само одбираат да нè игнорираат

Веројатно сте забележале дека сопствениците на мачки се колнат во фактот дека нивните миленичиња разбираат што им зборуваат. Многумина се скептици, но изгледа дека мачките се целосно способни да разберат точно што им кажуваме, но едноставно одбираат да нè игнорираат. Сепак, тие се мачки.rnrnИстражување: Мачките го препознаваат своето име, само одбираат да нè игнорираатrnrnНа Универзитетот Софија во Токио било направено истражување според кое мачките можеби не го разбираат човечкиот јазик или концептот за нивното име, но можат да го препознаат нивното име помеѓу низа зборови. Овие откритија се првиот експериментален доказ за способноста на мачките да ги разбираат луѓето.rnrnАтсуко Саито, главната авторка која водела уште едно истражување во 2013-та година, открила дека мачките можат да го препознаат и гласот на сопственикот. Ова предизвикало сомнеж дека мачките колку-толку можат да ја разберат човечката вокализација, слично како делфините, кучињата и папагалите.rn

„Постојат толку многу истражувања за способноста на кучињата да комуницираат со луѓе. Ние сметаме дека е важно да ја покажеме и способноста на мачките“, изјавила Саито.

rnСо цел да ја тестира нејзината теорија, Саито и нејзиниот тим собрале 78 домашни мачки од јапонските домаќинства. Тие ја тестирале теоријата така што им пуштале на мачките зборови и звуци направени со монотон глас. Одвреме-навреме го кажувале името на мачката со цел да видат дали ќе предизвикаат реакција кај неа.rnrnМачките реагирале со мрдање на ушите и опашката, како и со мјаукање, а кога станале навикнати на снимките, едноставно ги игнорирале.rn

„Овие мачки ги разликуваа нивните имиња помеѓу општите именки, дури и кога им ги кажуваше непозната личност… Овие резултати укажуваат дека мачките можат да ги познаат нивните имиња помеѓу други зборови.“

rnВо истражувањето учествувале и мачки кои живееле во кафетерии за мачки и тие не реагирале само на нивните имиња, туку и на имињата на нивните „цимери“.rn

„Мачките ги разбираат човечките знаци многу подобро отколку што мислат повеќето луѓе.“

rnИстражувачите истакнале дека иако доказите покажуваат како мачките ги процесираат звуците, нивниот одговор наводно е резултат на условување.rn

„Мачките можат да разликуваат зборови кажани од други луѓе, особено нивните имиња, бидејќи кажувањето на името на мачката можеби е поврзано со награда како храна, галење и игра.“

rnИако овие истражувања ја допираат само површината на комуникацијата помеѓу мачките и луѓето, истражувачите се надеваат дека ќе откријат како човечкиот говор може да ги предупреди мачките за опасностите од одредени места или предмети. Тие се надеваат дека нивната работа ќе го подобри животот и на луѓето и на мачките.rnrnЗнаевте ли дека мачките не се добри во ловењето стаорци?