Според едно ново истражување, попладневната дремка или спиењето рано навечер троши многу повеќе калории отколку ноќното спиење.rnrn
rnrnИстражувањето покажало дека одморањето доцна попладне или рано навечер му помага на телото да согори 10% повеќе калории, за разлика од утринските часови.rnrnОд друга страна пак, оние кои работат ноќни смени и имаат лоши животни навики, како малку спиење, се посклони кон дебелеење за разлика од луѓето кои спијат редовно и квалитетно.rnrnИстражувачите проучувале 7 испитаници во рок од еден месец. Испитаниците се наоѓале во лабораторија без прозорци и часовници, така што се забележувале промените во метаболизмот без влијанието на навиките за исхрана и активноста. На испитаниците им бил забранет пристап до Интернет и употреба на телефони, а секоја вечер оделе на спиење 4 часа подоцна од претходната.rnrnНаучниците сметаат дека причината за оваа појава е пониската телесна температура за време на ноќното спиење.rnrnПогледнете и колку калории на час трошите со различни активности.
Истражување: Кога телото троши најмногу калории?
