Една нова студија докажала дека виното има потенцијал да ги согорува маснотиите во телото. Научниците долго време работеле на оваа тема и веќе откриле дека една состојка која се наоѓа во грозјето (и поради тоа и во виното) кај некои глувци предизвикувала намалување на тежината, дури и покрај фактот што тие биле на режим на исхрана со многу маснотии. Но, новото истражување покажало дека истиот екстракт функционира на истиот начин и кај луѓето.rnrn
rnrnСостојката која го предизвикува овој феномен се вика „елагинска киселина“, но доколку и вие не сте научници слободно можете да ја запомните како „магичниот дел“ во виното. Според Нил Шеј, професор на Државниот универзитет Орегон, овој магичен дел е природна состојка која се наоѓа во грозјето и во најголемо количество во вината каберне, мерло и пино ноар.rnrnИсто така, виното дури и да го нема овој магичен дел, доколку се чува во буре од дабово дрво кое содржи антиоксиданси, тоа со тек на време може да го добие. Тоа е само уште една причина зошто би требало да пиете постаро вино, се согласувате?rnrnСè уште не се знае колку точно влијание има само една чаша вино, но во моментов тоа не е ни важно. Епа ајде, што чекате, отворете го старото црвено вино кое ви фаќа прашина дома и напијте се една „диетална“ чаша со најблиските. На здравје.
Истражувањата ни покажуваат дека црвеното вино може да биде добро при согорувањето калории
