КАФЕ ПАУЗА

Историјата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?

Историјата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?

Покажувањето среден прст се смета за една од најголемите навреди во денешно време, но неговите корени датираат уште од времето пред Христос. Првиот пишан траг за овој гест потекнува од античка Грција кога пред околу 2.500 години, драмскиот писател Аристофан направил груба шега на тој начин што го споредил средниот прст со машкиот полов орган. Ова се сметало за непристојно дури и во тоа време.rnrnИсторијата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?rnrnНекои антрополози тврдат дека гестот е преземен од класичниот пасивно-агресивен чин што го користат мајмуните за да го понижат противникот и да го направат сексуално инфериорен преку покажувањето на своите гениталии. Човекот одлучил на поцивилизиран начин да го навреди и понижи противникот со тоа што ќе му го покаже средниот прст.rnrnСредниот прст преку грчката уметност, музика и култура дошол во Рим, па така Калигула, кој бил познат по неговите перверзии, често знаел да ги шокира жителите со тоа што барал од нив да му го бакнат средниот прст наместо рацете.rnrnПокажувањето среден прст во јавност драстично се намалило во текот на Средниот век поради негодувањата на католичката црква, а во 19-ти век повторно почнало да доаѓа до израз благодарение на новото откритие, фотографијата. Во 1886 година, познатиот бејзбол играч, Чарлс Редборн, за време на позирањето со неговиот тим, влегол во историјата како првиот човек кој покажал среден прст на фотографија.rnrnИсторијата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?rnrnДенес, средниот прст е еден од најпознатите примери за невербална комуникација и се користи во речиси сите делови од планетата. Тој е широко распространет и во поп културата, каде што претставува некаква форма на бунт, а неговата употреба не им е непозната ниту на луѓето кои имаат висока државна функција.rnrnВо продолжение дознајте ја чудната историја на сончогледот.