КАФЕ ПАУЗА

Исхраната богата со овошје и зеленчук ја спречува депресијата

Исхраната богата со овошје и зеленчук можеби ја спречува депресијата

Депресијата може негативно да влијае на вашиот апетит и на вашиот избор на храна. Но, дали лошата исхрана може да влијае на вашето расположение? Неколку истражувања покажале силна поврзаност помеѓу квалитетот на исхраната и ризикот од депресија. Начинот на исхрана не само што влијае на вашето физичкото здравје, туку може да влијае и на менталното.rnrnИсхраната богата со овошје и зеленчук можеби ја спречува депресијатаrnrnОвие истражувања ги земале предвид возраста, полот, приходот, телесната маса, генералното здравје и физичката активност во нивните анализи. На овој начин се издвојува влијанието на овие фактори врз менталното здравје.rnrnИстражувањата покажале дека здравата исхрана богата со растенија може да ја спречи депресијата. Биле разгледани 41 истражување, од кои 4 ја барале поврзаноста помеѓу традиционалната медитеранска исхрана и депресијата кај 36.556 возрасни. Луѓето кои повеќе консумирале медитеранска храна, имале 33% помали шанси да развијат депресија за разлика од другите. Медитеранскиот начин на исхрана значи избегнување преработена храна и храна богата со заситени масти и шеќери и консумирање продукти богати со омега 3 масни киселини, хранливи влакна, витамини и магнезиум.rn

Биолошко објаснување

rnИсхраната може да влијае на менталното здравје со тоа што предизвикува оштетување на мозокот. Ова може да биде поради стрес, отпорност на инсулин, промена во дотокот на крв и воспаленија. Исхраната богата со антивоспалителни состојки, како и со антиоксиданси кои најчесто се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, јаткастите плодови и виното, може да има директно влијание на мозокот. Овие продукти го штитат мозокот од стрес и воспаленија. Воспаленијата можат да влијаат и на невротрансмитерите кои се одговорни за регулирање на емоциите.rnrnЕдно истражување покажало дека начинот на исхрана може да има влијание на формирањето мозочни клетки (неврони), особено во делот од мозокот одговорен за регулирање на емоциите.rnrnПостојат и докази поврзани со микробите во вашиот стомак. Овие микроби ги раствораат хранливите материи и создаваат молекули кои можат да предизвикаат воспаление или да ја стимулираат активноста на невроните. Тие комуницираат со стомакот и невроните, па на овој начин влијаат на однесувањето.rnrnВо истражувањата спроведени на животни се покажало дека растителната храна ја подобрува состојбата на микробите во стомакот. Исхраната богата со масти ја нарушувала рамнотежата на микробите. Кога има нерамнотежа кај микробите во стомакот, во крвта навлегуваат големи молекули кои можат да влијаат на мозочната функција.rn

Нутритивна психијатрија

rnНеодамна се појави областа позната како нутритивна психијатрија и зема сè поголем замав. Резултатите од истражувањата и покрај тоа што даваат некаква насока во врска со влијанието на храната врз менталното здравје, не можат да кажат дали врската е постојана.rnrnПрвото истражување што докажало дека исхраната може да влијае на депресијата, следело луѓе кои консумирале медитеранска храна. Нивните симптоми на депресија се подобриле по 12 недели, за разлика од луѓето кои продолжиле да ги применуваат старите навики за исхрана. Најверојатно треба да го земете предвид вашиот начин на исхрана, особено доколку кај вас постои поголем ризик од депресија.rnrnДознајте нешто повеќе за поврзаноста помеѓу депресијата и храната.