rn
7. Музејот на сладолед, Сан Франциско, Калифорнија
rnОчекување: Да можете да направите многу фотографии за Инстаграм.
Реалност: „За фотографиите се плаќа. И има огромни редици за овие фотографии.“rn
8. Розвел, Њу Мексико
rnОчекување: Да видите град полн со луди научници и ловци на вонземјани, а можеби дури и да најдете делче од некое НЛО.
Реалност: „Градот е мал и во него нема луѓе. Исто така има многу продавници со ‘вонземјански’ работи, но никој не ги посетува. Изгледа многу морничаво.“rn
9. Националниот аквариум, Балтимор, Мериленд
rnОчекување: Да видите аквариум со прекрасни риби.
Реалност: „Аквариумот е лоциран во подрумот на јавна институција. Внатре е темно и мирисот е ужасен.“rn
10. Маунт Рашмор, Јужна Дакота
rnОчекување: Да ја погледнете неверојатната скулптура и да сфатите колку работа и време биле потребни за да се изгради.
Реалност: „Ништо посебно. Изгледа како секоја фотографија што ја гледате на Интернет. И невозможно е да се приближите.“rn
11. Плажата Дајтона, Флорида
rnОчекување: Да лежите на плажата, да пливате во океанот и да уживате во градот.
Реалност: „Најпрво, секогаш има карневали. Второ, има толпи од улични проповедници и тинејџери бездомници. Трето, самата плажа мириса на цигари, пиво, гориво и неизмиени стапала.“rn
12. Централија, градот што гори, Пенсилванија
rnОчекување: Да видите град со чад, да ги запознаете локалните жители и да слушнете некоја мистериозна приказна.
Реалност: „Овде гори подземен оган уште од 1962-ра година. Звучи импресивно, зарем не? Во реалноста нема воопшто луѓе и нема видлив оган.“
Продолжува на следната страница…

