Инстаграм профили за девојките кои се опседнати со светки

Сподели

Светките веќе подолго време се хит во модниот, но и во бјути светот, па затоа и ги гледаме насекаде и во целост сме опседнати со нив. Се наближува летото и сезоната на многубројните музички и модни фестивали, а ние ви ги откриваме најдобрите Инстаграм профили кои нудат светкави фотографии кои можеби и вас ќе ве инспирираат да излезете од вашата сигурна зона и да испробате малку поразличен изглед, или едноставно да се восхитувате на преуавите фотографии.rn

Реклама

1. Lemonhead.la

rnПрофилот е преполн со инспиративни фотографии, но и задоволувачки видеа кои би можеле да ги гледате со часови. Освен Инстаграм профилот, lemonhead.la исто така продава вегански светкави суви шампони и балсами за усни.rn

2. Violette_fr

rnОваа шминкерка може да го направи целосно светкавиот изглед во привлечен и прифатлив. Со многу минималистички фотографии, можете да пронајдете и различни мејкап изгледи.rn

Реклама

3. Patmcgrathreal

rnСигурни сме дека веќе сте слушнале за оваа позната шминкерка што работи со многу светски славни ѕвезди, но она што можеби не сте го знаеле е дека нејзиниот профил е преполн со сјајни слики, а ќе видите и дека лансира својата линија на светкави сенки за очи.rn

4. Itsinyourdreams

rn„It’s in your dreams“ е бјути бренд кој продава додатоци, совршени за летните фестивали, како што се дијамантски лепенки и светкави сенки за очи.rn

5. Gogetglitther

rnБренд од Лондон кој продава козметика, започнувајќи од сенки за очи, па до светки за тело, а од нивниот светкав Инстаграм профил ќе ви се заврти во главата.rn

Реклама

6. Kellymaker

rnKelly Maker е уметник и фотограф, а многумина би ја нарекле и Пикасо на светките, па затоа погледнете го нејзиниот профил за да сфатите за што ви зборуваме.

На Инстаграм можете да пронајдете многу профили кои нудат фотографии од разни теми и области, а доколку наскоро планирате венчавка, ова се најинспиративните за вас.

Најново

Може ќе ве интересира