Време е да се преиспитате колку често ги прелистувате објавените фотографии на оваа социјална мрежа. Според најновите истражувања, Инстаграм е најштетната апликација за психичкото здравје на луѓето.rnrn
rnrnИстражувачите испитале 1.479 луѓе на возраст од 14 до 24 години за да дознаат дали Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб, Твитер и Снепчет им предизвикуваат позитивни или негативни емоции. Учесниците одговориле на вкупно 14 прашања поврзани со секоја социјална мрежа. Освен тоа, тие откриле дали некогаш чувствувале анксиозност, депресија и осаменост додека ги користеле апликациите.rnrnПрашалникот исто така имал цел да дознае како социјалните мрежи влијаат на нивното мислење за сопствениот изглед, квалитетот на сонот и ризикот од силеџиство. Имало и прашања кои требале да го одредат нивото на стравот од пропуштање нешто (FOMO) кој обично се јавувал откако ги имале прегледано сите објави на социјалните мрежи. Истражувачите се обиделе да го измерат целосното влијание на социјалните мрежи на општата благосостојба кај корисниците.rnrnСпоред резултатите од истражувањето, Инстаграм најмногу им го влошувал расположението на испитаниците, а потоа следеле Снепчет, Фејсбук, па Твитер. Само Јутјуб им помагал на учесниците да се чувствуваат малку подобро. Сите 5 социјални мрежи доведувале до проблеми со спиењето и истоштеност.rnrnНајдобро би било да се поправат социјалните мрежи на тој начин што корисниците ќе ги користат апликациите на поздрав начин. Дел од причината зошто Инстаграм предизвикува најлоши последици по здравјето е неговото влијание на задоволството од сопствениот изглед кај корисниците.rn
„Инстаграм на многу едноставен начин прави девојките и жените да мислат дека нивните тела не се доволно убави, бидејќи луѓето честопати додаваат филтри за да добијат совршени фотографии“, изјавил еден од испитаниците.
rnНавиката да се обработуваат фотографиите придонесува за појавата на генерација млади луѓе кои имаат лошо мислење за сопствениот изглед и ниска самодоверба.rnrn
rnrnСо цел да се намали овој ефект, истражувачите предлагаат социјалните мрежи да им кажуваат на корисниците дали некоја фотографија е обработена. Една од идеите е да се направи мала икона или знак на дното од фотошопираната слика.rnrnНаучниците исто така сметаат дека социјалните мрежи треба да ги потсетуваат нивните корисници кога е време да се одјават. Еден од предлозите е апликациите да мерат колку време поминуваат корисниците на социјалните мрежи и да направат потсетник кој ќе излегува на екранот секогаш кога луѓето ќе претераат со користење.rnrnОва истражување само ги потврдува претходните докази за негативното влијание на социјалните мрежи врз психичката благосостојба. Едно истражување од 2015 година открило дека доколку поминувате 2 часа на социјалните мрежи, се изложувате на зголемен ризик од психички заболувања, вознемиреност и самоубиствени мисли.rnrnНо, сето ова не значи дека веднаш треба да ги избришете сите можни апликации. Тие можат да бидат многу корисни во одредени ситуации. На пример, едно истражување открило дека Фејсбук им овозможува на младите луѓе да научат повеќе за менталното здравје на другите преку постовите што ги објавуваат нивните пријатели. Социјалните мрежи исто така нудат можност за слободно изразување. Лајкувањето на разни страни и групи им помага на корисниците и отфрлените поединци да најдат емоционална поддршка и нови истомисленици.rnrnИ Инстаграм исто така има позитивно влијание на менталното здравје. Оваа апликација со околу 700 милиони корисници, започнала кампања со цел да ги поттикне отворените разговори во врска со психичкото здравје на луѓето. Некои корисници тврдат дека Инстаграм има позитивно влијание на нивното психичко здравје бидејќи ги поврзува со група луѓе кои се соочуваат со истите проблеми.rnrnКлучот лежи во умереноста и претпазливоста. Сѐ што е прекумерно, па дури и времето поминато на Интернет, може да биде деструктивно. Користете ги социјалните мрежи само кога ви требаат. Но, имајте на ум дека ретко кога ја прикажуваат вистинската слика за нечиј живот. Не заборавајте дека ништо не може да ја замени отворената комуникација во живо, очи во очи.rnrnДоколку се согласувате со овие откритија, прочитајте какво е влијанието на социјалните мрежи врз човековата психа и колку во суштина сме осамени.