Секоја девојка која сака шминка, сигурно знае колку е понекогаш тешко да ја чува и одржува уредно распоредена. Меѓутоа, благодарени на социјалните мрежи, на дофат ви се разни инспирации за полици, тегли и кутии во кои ќе можете да ги чувате вашите омилени мејкап производи. Еве неколку од најинтересните кои ги пронајдовме на Инстаграм.rnrn
rnrnКутиите од провидна пластика со сигурност се најпрактичниот сад за држење на шминката. Освен тоа што брзо и лесно ќе го пронајдете она што ви е потребно, тие на свој начин може да бидат и интересен украс во вашата бања.rnrn
rnrnЕве уште една оригинална идеја за држење на четките. Саксиите за цвеќе се одлични за уредно чување на четките, а во специјализираните продавници ќе можете да пронајдете разни видови кои подоцна можете да ги украсите.rnrn
rnrnПровидните, стаклени тегли исто така може да ви послужат за чување на четките или кармините. Секако, и нив можете дополнително да ги нацртате и украсите за да изгледаат уште пооригинално.rnrn
rnrnПолицата што може да се ротира, како оваа на фотографијата, е сон на секоја девојка која обожава шминка. На тој начин, доколку некое утро сте неодлучни за која пудра да ја нанесете, слободно завртете!rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за повеќе креативни идеи…rn
Инспирирано од Инстаграм: Оригинални начини за складирање на шминката
