Доколку гледате во самиот центар на илустрацијата подолу, боите ќе почнат најпрво да избледуваат, а потоа целосно ќе ги снема. Оваа појава е позната како Трокслерово исчезнување или Трокслеров ефект и се однесува на нашата способност кога сме целосно концентрирани на една работа, воопшто да не забележиме за другите нешта што се случуваат околу нас.rnrn
rnrnТокму швајцарскиот лекар и филозоф, Игнасио Пауло Витал Трокслер ја поставил, а потоа и ја докажал теоријата дека мозокот престанува да обрнува внимание на визуелни сцени кои не се менуваат, односно престанува да ги перципира дека воопшто постојат. Истиот заклучок го поткрепил со докази, илустрации со живи бои, како и со само една точка во која треба да се гледа.rnrnОваа појава се нарекува невронска адаптација. Психолозите ја споредуваат со облекувањето чорапи или други активности што рутински ги правиме. Концентрирани сме на облекувањето чорапи само додека тоа се случува, но понатаму во текот на денот речиси и да не ги забележуваме.rnrnПостојат повеќе илустрации поврзани со овој ефект, но за сите важи истото, ако се концентрираме на една точка од нив, остатокот исчезнува од нашиот вид.rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот ум!
Илузија која маѓепсува: Знаете ли што е Трокслеров ефект?
