Архитектите од компанијата „Ruetemple“ прифатиле еден многу интересен проект, да дизајнираат стан од 33 метри квадратни, предвиден за двајца студенти, брат и сестра. Студиото се наоѓа во Москва, Русија, а тие требале да обезбедат простор за учење, но и за рекреација. Од сликите можете да се уверите дека тие одлично си ја завршиле работата.rnrn
rnrn rn
„Работниот простор е фиксен, додека просторот за рекреација е динамичен и може да се менува, благодарение на коцката која може да се трансформира. Коцката се состои од три делови. Зависно од позицијата на деловите од коцката, просторот се менува во дневна соба, удобна соба за релаксација или во спална со еден или два кревети“ – велат од компанијата.
rn
rnrnДефинитивно, најинтересни се мрежите поставени на горниот кат, на кои удобно можете да се оптегнете и да уживате.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
