Ако некогаш сте се запрашале за што служат копчињата во горниот дел од тастатурата, тогаш ние го имаме одговорот кој го баравте.rnrn
rnrnF1 – го отвора прозорецот за помош за скоро секој програм.rnrnF2 – Овозможува промена на името на документот или датотеката.rnrnF3 – Ја отвора опцијата за пребарување врзана за апликацијата која е активна во тој момент.rnrnF4 – Истовременото притискање на копчињата Alt и F4 го затвора активниот прозорец.rnrnF5 – Овозможува освежување на страницата или документот.rnrnF6 – Промена на курсорот кон полето за адреса во скоро сите Интернет прелистувачи.rnrnF7 – Овозможува проверка на правописните и граматичките грешки во апликациите на Мајкрософт, како што е Ворд.rnrnF8 – Ова копче овозможувало пристап на менито „Boot“ во Виндоус, во текот на гасењето на компјутерот.rnrnF9 – Овозможува освежување на документите во Ворд, како и праќање и примање електронска пошта во рамка на Аутлук.rnrnF10 – Го активира мени барот на отворената апликација. Истовременото стискање на копчињата Shift и F10 има иста функција како десен клик.rnrnF11 – Овозможува активирање и деактивирање на можноста за гледање содржини на цел екран во рамка на Интернет прелистувачите.rnrnF12 – Ја отвора опцијата „Save as“ во Ворд.
Ги гледате секојдневно, но дали ја знаете нивната намена? За што служат копчињата од F1 до F12 на тастатурата?
