КАФЕ ПАУЗА

Феноменот огнени виножита

Феноменот огнени виножита

Огнените виножита не се ниту оган, ниту виножита, но се нарекуваат така поради нивните брилијантни пастелни бои и изгледот кој наликува на пламен. Поточно, тие се познати како „circumhorizontal arc“ (околу-хоризонтален лак) – леден ореол кој се формира од шестоаголните, сплескани ледени кристали во високите нивоа на облаците цируси. Ореолот е толку голем што изгледа како лакот да е паралелен со хоризонтот, па оттука доаѓа и името.rnrnФеноменот огнени виножитаrnrnСветло обоените огнени виножита најчесто се појавуваат за време на летото и помеѓу одредени географски ширини. Кога сонцето е високо на небото, сончевата светлина влегува право, делејќи ги ледените кристали на поединечни бои, исто како низ призма. Состојбата која е потребна за да се формира огнено виножито е многу специфична – сонцето мора да биде над висината од 58 степени, на небото да има цируси со сплескани ледени кристали и сончевата светлина да навлегува во атмосферата под специфичен агол. Токму поради сите овие услови, овој фасцинантен феномен е толку редок.rnrnФеноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножитаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.