Наредниот месец, поточно на 14 април ќе се одбележат 100 години од катастрофалната несреќа на бродот Титаник. За да го одбележат овој јубилеј „National Geographic“ објавија нови слики од потонатиот брод на дното на Атлантскиот океан.
Титаник потона откако удри во санта мраз доцна во ноќта на 14 април, а на повикот за помош првиот брод кој пристигнал бил Карпатија, 4 часа покасно. Од 2.223 патници и членови на екипажот, преживеале само 706 луѓе. Погинале 1.517 луѓе од кои 1.360 мажи и 157 жени и деца. Потонатиот брод го пронашле Жан-Луи Мишел и Роберт Балард во 1985 година.






rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
