Во последната деценија луѓето станаа сѐ повеќе приврзани со нивните мобилни телефони, па тешко им е да се оттргнат од нив, дури и кога треба да ги извршуваат своите физиолошки потреби. Според лекарите, носењето телефон во тоалетот може да биде опасно, а еве и зошто.rnrn
rnrnНа повеќето луѓе им се случува да го заборават својот телефон во задниот џеб и доцна да се сетат на тоа, дури откако ќе бидат во тоалетот. Лекарите Чарлс Гербa и Кели Рејнолд, двајцата експерти за микроби, велат дека носењето на телефонот во бањата е сигурен начин да се разболите. Не е тајна дека тоалетите се полни со бактерии.rn
„Сите тоалети се прекриени со бактерии и патогени, повеќето од фекални материи“, вели доктор Гербa.
rnДури и да вложите многу труд за да го исчистите, никогаш нема да можете целосно да ги отстраните сите бактерии. Ако пак користите јавен тоалет, шансите за зараза се уште поголеми. Со други зборови, во кој било тоалет и да влезете, тоа ќе биде полно со микроби и бактерии, па многу е важно да ги миете вашите раце секогаш кога ќе излезете, а со тоа се подразбира дека не треба да го носите со себе својот телефон. Освен тоа што овој простор е полн со бактерии, тие исто така може премногу брзо да се прошират на вашиот телефон, а од таму да ги пренесете на лицето и рацете.rnrn
rnrnСо една студија спроведена во 2013 година било откриено дека паметните телефони и екраните на таблетите се повеќе заразни од самата тоалетна школка. Помислете само што се случува кога ќе го допрете својот телефон на увото и близу до устата. Бактериите кои се пренесуваат на овој начин се многу опасни, особено оние од тоалетот. Вашиот телефон може да собере штетни бактерии кои може да предизвикаат сериозни стомачни проблеми или проблеми со варењето. Имајќи предвид дека се заразни, тие лесно може да бидат пренесени на вашето семејство или пријателите. Па, без разлика колку е чист вашиот тоалет, подобро е да не го носите телефонот со себе.rn
„Кога пуштате вода во тоалетната школка, во воздухот се создава ‘облак’ кој е преполн со бактерии и се шири речиси два метра во сите правци, а тоа можете да го решите само доколку го затворите капакот на тоалетната школка“, вели доктор Рејнолд.