КАФЕ ПАУЗА

Едноставен трик кој ќе ви помогне да ја спречите појавата на плускавците од вашите омилени штикли

Колку пати ви се случило вашиот најубав пар високи потпетици да бидат и оние кои ви создаваат најразлични болки и начини да посакувате да плачете? Но, не грижете се. Благодарение на овој едноставен трик вие ќе можете да се изборите со плускавците и да уживате во вашите чевли целосно, без притоа да се грижите за болката.rnrnЕдноставен трик кој ќе ви помогне да ја спречите појавата на плускавците од вашите омилени штиклиrnrnСè што ви е потребно е дезодоранс, во форма на спреј или стик. Пред да ги обуете вашите „убиствени“ штикли, намачкајте ја или испрскајте ја областа која ви создава триење на вашите стапала или прсти, односно онаму каде што најчесто ви се појавуваат плускавци. И тоа е тоа.rnrnКако функционира овој метод? Дезодорансот е дизајниран да ја впива потта. Со оглед на тоа што потта е виновникот за лизгањето и триењето на вашето стапало од внатрешноста на чевлите, резултирајќи со плускавци, доколку ја отстраните ќе ја спречите целосно и нивната појава.