КАФЕ ПАУЗА

Единствената причина поради која не смеете да се срамите од вашето тело

Во последно време често сме сведоци на бројни кампањи кои се обидуваат да стават крај на засрамувањето за различните видови тела и начинот на кој овој процес штетно влијае врз здравјето на луѓето. Но, според неодамнешни истражувања, последиците на засрамувањето се многу посилни отколку што претходно се верувало.rnrnЕдинствената причина поради која не смеете да се срамите од вашето телоrnrnЖивееме во време кога постојано сме изложени на критики за нашиот изглед. Жените постојано се проценуваат и посрамуваат доколку нивните тела не одговараат на наметнатите стандарди за убавина и затоа често се чувствуваат лошо. Истражувачите ја нарекуваат оваа појава „телесно посрамување“ кое не влијае само врз психолошката состојба, чувството на вредност и самодовербата кај жените, туку создава и чувство на социјална инфериорност, како и предизвикува здравствени проблеми.rnrnРезултатите од истражувањето спроведено на голема група жени покажало дека оние кои имале ниска самодоверба и се срамат од своето тело се многу посклони на различни инфекции, болки и други здравствени проблеми. Тоа воопшто не изненадува со оглед на тоа што психолошката состојба е директно поврзана со здравствената. Но, ова е прв пат да се откријат вистинските ефекти на телесното посрамување.rnrnПоуката која може да се извлече од ова истражување е многу едноставна – ние би требало да го сакаме нашето тело без оглед на сè, бидејќи тоа е единствениот начин на кој можеме да го одржуваме неговото здравје.