Најексклузивните хотели во светот нудат и најдобра услуга. Тие може да ви резервираат маса во најбараните ресторани во градот, да ви подготват идеален план за обиколка низ градот, па дури и да запомнат какво кафе пиете.rnrnКако што може да претпоставите, вработените во ваквите хотели со текот на годините добиваат и голем број необични барања од нивните ВИП гости, а подолу се само некои од најинтересните.rnrn
rn
Виетнамско запросување
rnЕден од гостите планирал да ѝ предложи брак на својата девојка на необичен начин. Тој побарал од еден вработен во хотелот, во кој бил сместен, да отиде во Централ Парк со голем знак на кој пишувало: „Дали сакаш да се омажиш за мене?“ Гостинот резервирал прекрасен апартман со поглед на Централ Парк и договорил да се инсталира телескоп во просторијата. Хотелот организирал сè беспрекорно, па дури имало и девојче кое расфрлало ливчиња од рози низ целата патека, а телескопот покажувал точно на местото во паркот каде што хотелскиот работник застанал со пораката. Кога девојката погледнала низ телескопот и го видела знакот, се свртела, а нејзиното момче се појавило зад неа. Се разбира, дека прифатила да се омажи за него.rn
Џејмс Бонд смокинг
rnЕден од гостите во еден хотел се женел и побарал од вработените да му донесат смокинг. Сепак, тој не сакал каков било смокинг, туку оној истиот што го носел Даниел Крег во неговиот последен филм за Џејмс Бонд (смокингот во кој има и внатрешен џеб за пиштол). Бидејќи една италијанската модна куќа го креирала смокингот исклучиво за тој филм, требало да се направат бројни разговори со главниот италијански менаџер од модната куќа за да се стигне до него. За работите да бидат полоши, било месец август и целиот тим кој работел во компанијата бил на одмор. Сепак, барањето било навистина исполнето од модната куќа, која успеала да го собере целиот тим, да направи идентичен смокинг и да го достави до хотелот точно на време за свадбата.rnrn
rn
Лов на паричник
rnВо една прилика, некоја гостинка влетала панично во хотелот, платила за соба на рецепцијата и му се обратила директно на еден од вработените со надеж дека ќе може да ѝ помогне. Проблем? Таа го заборавила својот паричник во женски тоалет покрај автопатот кој водел до Њу Џерси, но воопшто не била сигурна во кој. За еден час, сите тоалети долж автопатот биле контактирани од хотелот и паричникот бил пронајден, но обезбедувањето се погрижило и за неговото преземање. Вработените од хотелот дури ѝ обезбедиле и превоз на гостинката до точната локација каде пресреќната дама си го земала паричникот, целосно недопрен.rn
Снешко Белчо – изненадување
rnЕдни гости од Калифорнија допатувале во Њујорк со своите деца кои никогаш не виделе снег. За време на нивниот престој, почнало да врне. Меѓутоа, бидејќи во тоа време биле на шопинг, побарале од вработен во хотелот, во кој биле сместени, да собере снег на терасата од хотелската соба за децата да си поиграат со него. Кога семејството се вратило во нивната соба, било пречекано од вистински, голем Снешко Белчо со капа за бејзбол.rnrn
rn
Купување кошула во зори
rnЕден ВИП гостин требало да пристигне во Њујорк со лет во зори, но имал многу малку време пред да замине директно од аеродромот на многу важен деловен состанок каде требало да го склучи најважниот договор во кариерата. Меѓутоа, како што авионот слетал, гостинот си истурил кафе и целосно ја уништил својата кошула. Немајќи време да застане никаде, неговиот помошник се јавил во хотелот, каде што требало да се сместат, за помош. Од хотелот, контактирале со директорот на блиската продавница, кој бил толку љубезен, па ја отворил продавницата еден час порано за хотелскиот персонал да може да купи нова кошула за гостинот. Вработен од хотелот потоа ја однел кошулата до местото на состанокот и чекал да пристигне гостинот за да му ја достави кошулата пред тој да започне.rnrnМожеби сакате са прочитате и за осумте најлуди нешта кои авионските патници ги направиле за да ја измамат контролата.