КАФЕ ПАУЗА

Дознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова година

Дознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова година

rn

Мулан: Шотови

rnДознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова годинаrnrnМулан е девојка која обожава предизвици. Таа е вистински борец и никогаш не го одбира полесниот пат до целта. Поради тоа, чистите пијалаци, како што е вотката без никаков вкус, се одличен избор за неа. Притоа, таа пие како вистински шампион и не признава ништо друго освен шотови. „Сечените“ пијалаци се за слабаци, а Мулан со сигурност не спаѓа во таа категорија.rn

Покахонтас: Сангрија

rnДознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова годинаrnrnПокахонтас не само што бои со боите на ветрот, туку исто така обожава и кога нејзиниот пијалак е обоен. Таа е природна и приземна, така што не е никакво изненадување тоа што сангријата е нејзиниот омилен пијалак. Таа ја обожава комбинацијата на сите тие овошни природни богатства сместени во една единствена чашка.rn

Јасмин: Лонг Ајленд

rnДознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова годинаrnrnЈасмин има само три желби, а едната од нив е комплетно да се опијани до 23:00 часот. Но, нејзе не ѝ треба волшебна ламба за да го добие она што го сака. Доволно ѝ е само да го испие нејзиниот омилен коктел – Лонг Ајленд. Иако Јасмин делува смирено и прибрано, таа понекогаш сака да „откачи“ на волшебниот килим и да заборави на сите грижи.rn

Бела: Шардоне

rnДознајте што пиеја Дизни принцезите за дочекот на Нова годинаrnrnБела потсетува на грижлива мајка. Таа се грижи за ѕверот и сите шолји за чај кои трчкаат околу замокот, но на крајот од напорниот ден и таа сака да се опушти со чаша добро вино. Мора да се согласите дека таа го заслужува тоа!rnrnНареден пат кога ќе го гледате вашиот омилен цртан од Дизни, сетете се на овој текст. Секоја девојка сака да се забавува, па кои сме ние да ги осудуваме принцезите поради начинот на кој го поминуваат нивното слободно време? На здравје!