КАФЕ ПАУЗА

Дознајте како мачките покажуваат љубов

Дознајте како мачките покажуваат љубов

Мачките се малку суптилни кога станува збор за покажување љубов кон сопственикот. Иако некои луѓе велат дека тие се скржави кога треба да покажат љубов, вистината е дека тие само имаат свои начини на кои ја докажуваат нивната приврзаност. Доколку чувате мачка, обрнете внимание на следниве неколку нешта кои се дефинитивни знаци дека вашето милениче ве обожава…rnrnДознајте како мачките покажуваат љубовrn

Воспоставува контакт со очи

rnСпоред некои експерти, кога мачките го задржуваат погледот на сопственикот и притоа нежно и суптилно трепкаат, тоа е еден од показателите дека мачето има доверба во него.rn

Предење

rnОва е најпознатиот и најчестиот пример за покажување љубов. Освен тоа, постојат голем број докази дека предењето на мачките има позитивно влијание врз здравјето на луѓето.rnrnДознајте како мачките покажуваат љубовrn

Ги тегне и грчи шепите

rnКога постара мачка ги тегне и грчи шепите како што тоа го прават новородените мачиња додека цицаат, тоа значи дека е спокојна. Доколку притоа ја галите и таа почне да преде, нема сомнеж дека таа е задоволна што е во ваша близина. Говорот на нејзиното тело покажува љубов.rn

Дремнува покрај вас

rnДоколку мачето ве брка да легне покрај вас веднаш штом се спуштите на креветот, бидете сигурни дека ве сака. Убаво ѝ е во вашата прегратка и таа постојано сака да се склопчува во неа. Уште и ако имате набавено удобен и мек кревет за мачки, а таа и понатаму инсистира да спие до вас, несомнено е дека ве обожава.rnrnДознајте како мачките покажуваат љубовrn

Ја потпира нејзината глава на вашата

rnНа тој начин таа ве задева и ви покажува дека сака да се гали. Некои научници велат дека ваквото однесување на мачката е еквивалент на човечката прегратка.rn

Ви носи подароци

rnМачките кои живеат во дворови знаат да ги изненадат нивните сопственици со по некој глушец или инсект кој го уловиле. Иако повеќето сопственици се згрозуваат во тој момент, треба да знаете дека покажувањето на пленот е еден од знаците на љубов и почит. Мачките се горди на нивните ловечки способности и сакаат да ги пофалите. Мачките кои живеат во стан го прават ова со ластици за коса, кеси или играчки.rnrnЗнаеме дека отсекогаш сте биле сигурни во љубовта на вашето милениче, а сега можете и да ги препознаете неговите мали и слатки гестови со кои ви искажува љубов и приврзаност.