КАФЕ ПАУЗА

Дневна доза оптимизам: 9 цитати за мудроста и знаењето

Оптимизмот и позитивното мислење треба да бидат дел од сечие секојдневие. Кога вашата глава е исполнета со мисли на среќа, радост, задоволство и самодоверба, вие сте најдобрата верзија од себе којашто можете да бидете, а со тоа сте ја совладале и животната мудрост и цел. Во тој контекст, прочитајте ги овие 9 цитати за мудроста и знаењето кои треба редовно да се повторуваат.rnrnДневна доза оптимизам: 9 цитати за мудроста и знаењетоrn

„Она што го сака, мудрецот го бара во себе. Простиот човек тоа го бара кај другите.“ – Конфучиј

rn

„Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од месеци поминати во учење од книги.“ – Кинеска поговорка

rn

„На паметниот човек скоро сѐ му е смешно, а на мудриот скоро ништо.“ – Гете

rn

„Подобро да разберете малку, но точно, отколку многу, но грешно.“ – Анатол Франс

rn

„Мудроста е ќерка на искуството.“ – Леонардо да Винчи

rn

„Разумните одат на сѐ подобро, а неразумните или остануваат како што биле или ако не се подобрат, одат на сѐ полошо.“ – Доситеј Обрадович

rn

„Тој што ги познава другите е бистар. Тој што се познава себеси е мудар. Тој што ги победува другите е силен. Тој што се победува себеси е моќен. Тој што си е доволен на самиот себеси е богат. Тој што ја зачувува положбата е трпелив. Тој што не ја губи свеста во смртта продолжува да живее.“ – Лао Це

rn

„Победата над стравот е почеток на мудроста.“ – Бертранд Расел

rn

„Никогаш човекот не може да каже толку многу мудрости, колку што може да премолчи лудости.“ – Јован Дучиќ