Низ историјата, бракот станал голем дел од општеството. Замислата е да ја пронајдете вашата „сродна душа“, да се венчате и како резултат ќе бидете бескрајно среќни. Многу истражувања од 20-тиот и раниот 21-ви век го славеле бракот и го покажале како добар, а со тоа се создала стигма околу сингл животот.rnrn
rnrnПоради ова, многу власти вовеле мерки како попусти и здравствени придобивки, со цел да го поттикнат стапувањето во брак. Но едно ново истражување покажало дека луѓето во брак не се толку среќни и здрави како што се мислело.rnrnИстражувањето во кое учествувале над 24.000 возрасни Германци открило дека луѓето кои се венчале биле среќни во првата година од бракот, но потоа нивната среќа се враќала на почетното ниво. Овој феномен го нарекле период на „меден месец“ и истакнале дека во просек, луѓето брзо и целосно се прилагодуваат на бракот.rnrnДруго истражување открило дека нивото на среќа опаѓа и дека во бракот нема поддршка за заедничка среќа во подоцнежните години. Ова откритие има биолошка основа во хемијата на мозокот – фенилетиламин (РЕА) кој е поврзан со доброто расположение.rnrnИстражувачите тврдат дека среќата може да се намали бидејќи невроните се навикнуваат на влијанието на РЕА, или поради намалувањето на неговото ниво со текот на времето.rnrnУште едно истражување од Германија ги поддржува заклучоците на претходните истражувања. Во ова истражување научниците не нашле докази дека децата влијаат врз животното задоволство. Авторите истакнале дека придобивката од бракот е „социјалната поддршка“ која луѓето ја наоѓаат кај партнерот.rnrnПостои позитивно влијание од дружењето, емоционалната поддршка и сексуалните односи, но ова се намалува со текот на времето. Луѓето се прилагодуваат, а понекогаш престануваат да се дружат со другите пријатели.rnrnИ други истражувања покажале дека луѓето се венчаат среќни, а не е бракот она што ќе им ја зголеми среќата на несреќните. Во минатото бракот можеби водел до поголема среќа и задоволство, но современите истражувања го покажуваат спротивното.rnrnОпштеството мора да го отфрли погрешното сфаќање дека бракот е општествен идеал. И сингл луѓето можат да живеат среќно. Доколку сакате исполнет и среќен живот, најверојатно бракот не треба да ви биде најважниот критериум.rnrnПрочитајте ги и овие нешта што сигурно не сте ги знаеле за успешните бракови.
Дали бракот може да ве направи посреќни?
