Убавината е субјективна перцепција на поединецот, па затоа е тешко да се направи поделба на луѓето на убави и неубави, односно да се категоризираат врз основа на изгледот. Сепак, тим од Универзитетот од Масачусетс спроведе долгогодишно истражување преку кое дознава дали и колку „грдите“ луѓе се успешни во кариерата.rnrn
rnrnВо истражувањето учествувале 20.000 млади мажи и жени. Тие биле интервјуирани преку анкета кога имале 16 години, а анкетата се повторувала уште три пати во следните 13 години. Учесниците давале податок за нивната заработка во текот на годините. Оценуван бил и нивниот физички изглед, односно изведен е просек на субјективните перцепции на оние кои го спроведувале истражувањето.rnrnВрз основа на резултатите, истражувачкиот тим од Лондонската школа за економија при овој Универзитет, открил дека помалку атрактивните луѓе се попосветени на кариерата, а оние најмалку привлечните заработувале најмногу. Дел од учесниците самите откриле дека повеќе се посветуваат на работата, за да можат да ја заслужат големата плата. Тие се поефикасни работници и затоа многу полесно ги искачуваат скалите на успешноста.rnrn
rnrnНо, постојат и исклучоци од ова непишано правило, а кои се во корист на атрактивните – тие имаат подобри социјални вештини, а со тоа и полесно влегуваат во потесен избор кога конкурираат за некоја работна позиција.rnrnПрвичната верзија на ова истражување е објавена интерно во Универзитетот уште во 2017 година, додека пак во „Списанието за бизнис и психологија“ (Journal of Business and Psychology) излезе во април оваа година.rnrnПрочитајте и дали треба вашето хоби да го претворите во кариера.
Дали атрактивните луѓе заработуваат подобро од останатите?
