КАФЕ ПАУЗА

Д-р Ајнштајн, дали научниците се молат на Бога?

Д-р Ајнштајн, дали научниците се молат на Бога?

Written by

in

Помеѓу бројните лекции за животот од големиот Алберт Ајнштајн, меѓу најинтересните е неговиот став за религијата. Одбивал да се приклучи кон некоја со која владее „некој кој одредува правила и кој ги спроведува преку систем на награди и казни“. Не бил ниту атеист, за разлика од мнозинството научници од неговото време, туку се сметал за агностик. За него, природата, универзумот и Бог се едно исто. Својот религиозен систем го нарекувал космичка религија, а најдобро и наједноставно го објаснил во обраќањето до едно девојче од шесто одделение.Д-р Ајнштајн, дали научниците се молат на Бога?Во 1936 година малата Филис му пратила писмо на Ајнштајн прашувајќи го дали и за што научниците кажуваат молитви:rn

Драг д-р Ајнштајн,

rn

Во нашето неделно училиште се запрашавме: „Дали научниците му се молат на Бога?“ Сè започна со прашањето дали треба во исто време да веруваме и во науката и во религијата. Затоа сега им се обраќаме на научници и на други важни луѓе во обид да добиеме одговор на нашето прашање.

rn

Ќе ни биде чест ако ни одговорите на прашањето: Дали научниците му се молат на Бога и за што?“

rn

Ние сме шесто одделение во класот на г-ѓа Елис.

rn

Со почит,

rn

Филис

rnНеколку дена подоцна големиот научник ја удостоил Филис со одговор во неколку реченици кој сликовито ги објаснува неговите религиозни сфаќања:rn

Драга Филис,

rn

Ќе се обидам да го одговорам твоето прашање наједноставно што можам. Ова е мојот одговор:

rn

Научниците веруваат дека сè што се случува, вклучително и она поврзано со луѓето, е резултат на делувањето на природните закони. Оттука, научникот не смее да си дозволи да верува дека со молитва може да влијае на текот на настаните, односно со исполнување на желбите од натприродни сили.

rn

Сепак, мораме да признаеме дека немаме совршени познавања за овие сили, така што на крајот верувањето во постоењето на совршена, врховна духовна креација почива на одреден вид религија. Таквите верувања остануваат многу раширени меѓу луѓето и покрај денешните високи достигнувања на науката.

rn

Но исто така, секој што е сериозно инволвиран во проучувањето на науката почнува да верува дека одреден дух се пројавува преку природните закони, дух кој што е многу посупериорен од човекот. Во оваа смисла проучувањето на науката доведува до религиозни чувства од посебен вид, многу поразличен од религиозноста на некои наивни луѓе.

rn

Срдечен поздрав,

rn

Ваш А. Ајнштајн

rn Д-р Ајнштајн, дали научниците се молат на Бога?
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.