КАФЕ ПАУЗА

Чопери инспирирани од „Кадилак CTS-V“

Чопери инспирирани од „Кадилак CTS-V“

Written by

in

За љубителите на чоперите, ограничените парчиња и оние направени по нарачка имаат сосема различна вредност од сите останати. Во оваа класа чопери спаѓаат и овие две прекрасни зданија, направени од тандемот Пол Татл и Пол Татл Џуниор, кои имаат и свое популарно шоу „American Chopper“. Овој нивни проект всушност е инспириран од автомобилот „Cadillac CTS-V“.rnrn

Чопери инспирирани од „Кадилак CTS-V“
Моделот изработен од Пол Татл Џуниор
rnrn
Чопери инспирирани од „Кадилак CTS-V“
Моделот изработен од Пол Татл
rnrnДвата чопери се направени, така што моделот од автомобилот е пренесен на две тркала, што особено е воочливо во дизајнот на Џуниор. За разлика од него, неговиот татко повеќе внимание обрнал на моторот на чоперот, отколку на неговиот изглед, иако мора да признаеме дека надворешно двата изгледаат феноменално. Џуниор не ги изоставил препознатливите белези на автомобилот, како што се неговите штопови и специфичната задница.rnЧопери инспирирани од „Кадилак CTS-V“Чопери инспирирани од „Кадилак CTS-V“Чопери инспирирани од „Кадилак CTS-V“Главната сличност помеѓу двата модела е основната боја на телото од моторот, како и хромираните делови. Двата модела ќе бидат ставени на аукција, а парите од продадените чопери ќе бидат предадени за финансирање на истражувањата за пронаоѓање лек за мускулна дистрофија. Засега, според бројот на гласови, во водство е Џуниор и најверојатно неговиот чопер ќе достигне повисока цена на аукцијата.Чопери инспирирани од „Кадилак CTS-V“Чопери инспирирани од „Кадилак CTS-V“Чопери инспирирани од „Кадилак CTS-V“rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.