КАФЕ ПАУЗА

Бунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејство

Бунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејство

rn

Таа била многу блиска со нејзината сестра, кралицата Елизабета Втора, но се карала со неа кога била дете

rnБунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејствоrnrnМаргарет и Елизабета имале релативно обично воспитување и како и на многу сестри со помала меѓусебна разлика во годините, не им биле туѓи детските препирања. Мерион Крафорд, која работела како гувернанта во семејството цели 17 години, во неовластената биографија наречена „Малите принцези“ напишала дека тие биле „две сосема нормални и здрави“ девојчиња.rnrnСпоред неа, тие биле одгледани и израснати на еднаков начин и не се чувствувало дека едната од нив ќе биде идната кралица. Но, двете принцези постојано се препирале.rnrnИ покрај каснувања и ударите, двете сестри одржувале блиски релации дури до зрелоста. Маргарет била деверица на свадбата на нејзината сестра со принцот Филип во 1947 година. Елизабета, од друга страна, ѝ дала на Маргарет стан со 20 соби во Кенсингтонската палата откако таа се омажила за Ентони Армстронг Џонс.rnrnСпоред медиумите, Маргарет имала директна телефонска линија со канцеларијата на Кралицата во Бекингемската палата, и двете сестри можеле да се слушнат кога и да посакале.rn

Маргарет познавала многу славни личности

rnБунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејствоrnrnТаа се запознала со актерката Софија Лорен на 29.05.1958 година, на премиерата на филмот „Клучот“ на Керол Ридс. Но, се дружела и со други ѕвезди од своето време како: Битлси, Елтон Џон, Ворен Бити, Џоан Колинс и многу други.rn

Таа уживала во декадентен начин на живот

rnКако што може да се очекува од член на кралското семејство, Маргарет живеела луксузно. Просечното утро за принцезата, на почетокот од 20-тите години од минатиот век, започнувало со појадок во кревет, а деновите завршувале со вотка и ручек со четири оброци.rnrnНаутро поминувала и по два часа во нејзиниот топол кревет слушајќи радио и прелистувајќи весници, по што се задржувала подолго време во бањата, уживајќи во миризливите купки. Потоа одела на ручек со Кралицата Мајка.rnrnБунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејствоrn

Љубовниот живот на принцезата Маргарет

rnКапетанот Питер Таунсенд бил првата голема љубов на принцезата, но и покрај најавите, тие никогаш не ја крунисале нивната љубов со брак.rnrnЗа разлика од нејзината сестра Елизабета, Маргарет не била под притисок да се омажи. Во раните дваесетти години, таа започнала врска со коњаникот на нејзиниот татко, капетанот Питер Таунсенд, кој бил 16 години постар од неа.rnrnТаунсенд имал две деца со сопругата Роузмари и се сметало дека – барем според кралските стандарди – има скромни приходи. За младата принцеза, нивната врска била првата романтична љубов.rnrnИ покрај тоа што Таусенд ја запросил, таа никогаш не се омажила за него. Се претпоставува дека тоа е поради притисоците од нејзината сестра. Маргарет не била подготвена да ризикува сè поради љубовта.rnrnПодоцна се омажила за фотографот Ентони Армстронг Џонс.rn

Околу 300 милиони луѓе ја гледале нејзината свадба на телевизија

rnБунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејствоrnrnВо февруари 1960 година, Маргарет ја објавила својата свршувачка со фотографот Ентони Армстронг Џонс. Изјавата ги изненадила медиумите и се шпекулирало дека Маргарет го прифатила барањето набргу откако дознала дека нејзината поранешна љубов, капетанот Питер Таунсенд има намера да се ожени за 19-годишна девојка.rnrnТри месеци подоцна, на 6 мај 1960 година, Маргарет и Амстронг Џонс размениле завети на спектакуларна церемонија во Вестминстерската опатија. Ова била првата британска кралска свадба која се емитувала на телевизија и ја гледале околу 300 милиони луѓе. На свадбата биле поканети околу 2.000 гости, меѓу кои бил и поранешниот премиер Винстон Черчил, данската кралица Ингрид и кралот и кралицата на Шведска.rnrnВо споредба со свадбата на Елизабета Втора и принцот Филип, која се случила во повоената 1947 година, свадбата на Маргарет, тринаесет години подоцна, била многу луксузна. Со 20 свадбени торти, цветен лак од 18 метри и венчаница направена од повеќе од 30 метри ткаенина, настанот, наводно, чинел 26,000 фунти.rnrnМаргарет имала две деца: Дејвид, роден на 3 ноември 1961 година и Сара, родена на 1 мај 1964 година.rnrnБракот на Маргарет завршил во 1976 година, поради афера.rnrnПринцезата Маргарет починала во сон на 9 февруари 2002 година на 71-годишна возраст во болницата Кинг Едвард VII по доживеан мозочен удар и проблеми со срцето.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и прекрасните совети од принцезата Дијана кои се полни со мудрости за животот.