Една жена, кој одлучила да остане анонимна, на Редит ја споделила нејзината приказна за одгледување на биолошко и посвоено дете. Како што напишала, таа отсекогаш знаела дека со сопругот ќе посвојат дете, бидејќи не можеле да имаат нивно. Но после една година брак, таа останала бремена.rnrn
rnrnДевет месеци подоцна, таа ја родила нејзината ќерка Џун, а кога девојчето наполнило две години, парот посвоил уште едно девојче по име Чарли. Иако учествувала во бременоста на мајката на Чарли и присуствувала на породувањето, жената признала дека со неа не успеала да воспостави правилен мајчински однос.rn
„Од почетокот се чувствував поразлично со Чарли отколку со Џун. Ја сакав, но повеќе како да е дете на пријателка, а не мое.“
rnЖената додала и дека постојано читала совети за тоа како ова чувство ќе ѝ помине и дека само е потребно време. Но три години подоцна, таа сè уште се чувствувала исто. Изјавила дека понекогаш и однесувањето на детето може да го забави поврзувањето, но овде случајот бил поинаков. Чарли била прекрасно дете, и била подобра во многу нешта за разлика од нејзината постара сестра.rn
„Немојте да ме сфатите грешка, ја сакам својата ќерка, но не можам да се ослободам од помислата дека не е моја. Како да се грижам за дете на пријател или на некој од семејството.“
rnИако повеќето корисници се согласиле дека таа не е лоша личност што се чувствува така, други ја предупредиле дека девојчињата можеби ќе ја забележат разликата помеѓу нив. Со ова особено се согласиле луѓето кои биле посвоен. Една жена напишала дека и таа е посвоена и дека нејзиниот татко секогаш правел разлика помеѓу неа и неговото биолошко дете, иако никогаш не го признал тоа.rn
„И јас сум посвоена, единствена од моите 7 браќа и сестри, и дефинитивно се чувствував поразлично додека растев“, додала друга корисничка која бил посвоена.
rnДруга мајка додала дека се надева дека девојчињата никогаш нема да дознаат како се чувствува таа, бидејќи децата треба да се сакани подеднакво, без разлика од каде се.rnrnДоколку планирате да посвоите дете, важно е да ги знаете овие нешта.
