КАФЕ ПАУЗА

Моќна порака што вреди да се прочита: Не ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот живот

Моќна порака што вреди да се прочита: Не ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот живот

Written by

in

,

Не ве дефинираат родителите кои не биле тука за вас и не ви обрнувале внимание. Не ве дефинира братот кој никогаш не ве ценел или сестрата која не знаела како да ви биде најдобра пријателка.rnrnМоќна порака што вреди да се прочита: Не ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот животrnrnНе ве дефинира првата симпатија која ве излажала и ве искористила за предизвика нечија љубомора. Не ве дефинира партнерот кој ве оставил затоа што не знаел како да се однесува во вистинска љубовна врска.rnrnНе ве дефинира човекот кој никогаш не ви дал шанса, затоа што бил презафатен со друга љубов или пак личноста која сакала да бидете само пријатели, затоа што не можела да ве погледне како нешто повеќе од тоа.rnrnНе ве дефинираат луѓето кои не можеле да ве љубат или оние кои не успеале да видат што ви предизвикува болка. Не ве дефинираат оние кои заминале, затоа што не заслужувале да останат.rnrnТешко е да се биде во ваква ситуација. Сте заборавиле како е да се почувствува љубов и како да се љуби без да си ги повредите чувствата. Сте заборавиле како изгледа вистинската љубов.rnrnДоста ви е од едностраната љубов и од луѓето кои ви даваат лажна надеж. Ве прогонуваат духовите од минатото и болните раскинувања. Но, не можете да бидете целосни без да знаете како е да се биде скршен. Не можете да очекувате од некого да ве спаси, ако не знаете како да се спасите самите.rnrnНе би биле силни кога не би можеле да го поднесете сиот тој хаос, сета таа болка и сите тие неправди. Не можете да барате љубов, додека не научите да се сакате себеси во моментите кога никој друг не ви покажува љубов.rnrnНе ве дефинираат луѓето кои си заминале од вашиот живот. Не ве дефинира нивниот недостаток на љубов. Не ви треба нивното одобрување. Ви треба само вашата верба во себе и љубовта кон сопственото битие.rnrnВо продолжение прочитајте како да се справите со љубовно разочарување.