Московскиот Кремљ е најпопуларната туристичка атракција во Русија, но, таа не е и единствената. Во Русија постојат десетина тврдини, а единствената разлика помеѓу нив и московската (освен во архитектурата), е тоа што не се пишуваат со голема буква. Имено, зборот „кремљ“ на руски јазик означува средновековна тврдина во центарот на градот. Во текот на 18 и 19 век, повеќето од овие тврдини изгубиле стратешко значење, поради што нивните ѕидови биле разрушени, со цел да се искористи градежниот материјал, а она што останало, било претворено во музеј.rnrnПогледнете кои се најубавите тврдини во Русија.rn
1. Ростовски кремљ
rnИзграден помеѓу 1670 и 1683 година, Ростовскиот кремљ е еден од ретките кој не бил изграден за одбранбени цели, туку како седиште на хиерархиската православна црква.rnrn
rn
2. Казански кремљ
rnКазанската тврдина, под заштита на УНЕСКО, доминира во овој интересен град. Таа е изградена помеѓу 1554 и 1562 година, а специфична е затоа што во рамките на нејзините ѕидови се наоѓа и црква и џамија.rnrn
rn
3. Кремљ во Коломна
rn„Црвената тврдина“, како што ја нарекуваат, е изградена во 1521 година, кога била една од највисоките на светот. Благодарејќи на царот Николај први, таа останала во нејзината оригинална состојба со сите 17 кули.rnrn
rn
4. Псковски кремљ
rnПсковската тврдина е една од најстарите во Русија и е изградена на темелите на дрвени тврдини од 8 век. Оваа импресивна градба ја нарекуваат и руска Помпеја, поради големиот број археолошки остатоци кои научниците постојано ги откриваат во нејзината околина.rnrn
rn
5. Кремљ Нижни Новгород
rnКамената тврдина во Нижни Новгород е изградена во 16 век кога служела како една од клучните одбранбени тврдини на Големото Московско Кнежество против Златните Орди.rnrn
rn
6. Астрахански кремљ
rnИсторискиот центар на Астрахан растел околу тврдени изградени помеѓу 1562 и 1589 година. Темелите биле поставени во времето на Иван Грозни, а поради големиот број уметнички богатства и музеи, тој е ставен на листата на УНЕСКО за светско културно наследство.rnrn
rn
7. Кремљ во Тула
rnГрадот Тула одиграл голема улога во руската историја. Тој е изграден помеѓу 1515 и 1520 година, а бил проектиран од страна на италијански архитекти коишто го направиле и московскиот кремљ.rnrn
rn
8. Кремљ во Тоболск
rnВо Тоболск се наоѓа единствената камена тврдина во Сибир. Таа е изградена помеѓу 1683 и 1799 година.rnrn
rn
9. Новгородски кремљ
rnТврдината Велики Новгород е можеби најстарата во Русија. Таа исто така се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно богатство, а според легендата, таа настанала кога после големи масакр, врз дрвената црква на Света Софија слетал галеб и ја претворил во камен.rnrn