КАФЕ ПАУЗА

9 работи кои никако не смеат да се најдат во плакарот на возрасна жена

Во животот на секоја жена доаѓа момент кога конечно мора да созрее и да се ослободи од сите алишта кои толку вредно ги собирала со години. Колку и да е поврзана со својата гардероба, факт е дека на палавата девојка ќе ѝ дојде време да се претвори во млада и сериозна жена, а тоа подразбира и чистење на плакарот од сите непотребни алишта кои единствено зафаќаат место кое може попаметно да се искористи.rnrn(5)-9-raboti-koi-nikako-ne-smeat-da-se-najdat-vo-plakarot-na-vozrasna-zhena-kafepauza.mkrnrnНо, на кој дел од облеката би требало да му кажете чао?rn

1. Костуми за маскенбал

rnДали навистина мора да ги чувате сите тие костуми за маскенбал кои ги носевте во претходните години? Едноставно не постои доволна добра причина за тоа. Поклонете ги, фрлете ги или искористете ги за нешто друго, бидејќи веројатноста дека повторно ќе ги носите е многу блиску до нула.rn

2. Елегантни фустани кои знаете дека повеќе нема да ги облечете

rnФустаните за разни прослави, особено оние кои некогаш сте ги носеле на некоја свадба, се фустани кои веројатно нема повторно да ги облечете. Без разлика дали тие модели повеќе не се во мода или можеби веќе не ве собираат, факт е дека и двете причини се доволно добри за тие фустани да го изгубат своето место во вашиот плакар.rn

3. Чорапи без пар

rnСериозно ли мислите дека уште би требало да носите различни чорапи? Можеби беше во ред додека имавте 13 години, но сега сте во светот на возрасните – така и однесувајте се.rnrn(3)-9-raboti-koi-nikako-ne-smeat-da-se-najdat-vo-plakarot-na-vozrasna-zhena-kafepauza.mkrn

4. Фармерки со низок струк

rnНеудобни се и непрактични, а уште повеќе се и дел од облеката кој воопшто не се вклопува во вашиот изглед на возрасна, смела и сериозна жена. Токму затоа и се меѓу првите работи кои треба да ги исфрлите и замените со покласични модели.rn

5. Сè што е мало и/или не вреди да се носи на шнајдер

rnФармерки, фустани, маички, џемперчиња, што и да е, само направете си место за нешто ново кое ќе ви стои многу подобро од 2 броја помалите парчиња облека.rn

6. Неудобни штикли

rnНогата навистина изгледа многу поубаво во штикла, но неудобниот модел не само што ќе ви донесе многу болка, туку и ќе направи да изгледате сосема поинаку од посакуваното. Исфрлете ги или поклонете ги некому тие високи потпетици и купете си некои кои совршено ќе се вклопат во вашиот изглед.rnrn(2)-9-raboti-koi-nikako-ne-smeat-da-se-najdat-vo-plakarot-na-vozrasna-zhena-kafepauza.mkrn

7. Облека која веќе не е во мода

rnОсобено кога станува збор за оние алишта кои не се вклопуваат во ниту една комбинација, но некогаш одамна биле неверојатен моден тренд. Ниту ги носите, ниту ќе ги носите, па зошто би им дозволиле уште да зафаќаат вредно место во вашиот плакар?rn

8. Облеката која ви служи како мотивација

rnДали навистина сакате да поминете уште еден ден чувствувајќи се ужасно бидејќи сè уште не ве собира во оној фустан кој долго копнеете да го облечете? Заштедете си себеси и време и живци и ослободете се од него давајќи си шанса конечно да се прифатите онакви какви што навистина сте.rn

9. Неудобна облека

rnЖивотот е прекраток за да носите нешто во кое не се чувствувате удобно. Колку е да е модерно тоа парче облека, веројатноста е дека не само што нема да се чувствувате убаво носејќи го, туку нема ни да изгледате добро.rnrn(4)-9-raboti-koi-nikako-ne-smeat-da-se-najdat-vo-plakarot-na-vozrasna-zhena-kafepauza.mk