Дали по навика чувате очила за сонце и шише вода во автомобилот? Постојат многу важни причини зошто тоа би требало да го промените. Во тој контекст откријте кои 9 предмети не смеете да ги оставате во автомобилот, особено кога надвор е топло…
rn
1. Лекови
rnВо принцип лековите треба да се чуваат на собна температура, а кога надвор е топло, температурата во автомобилот и тоа како ја надминува собната. Топлината нема да ги направи лековите штетни, но ќе ја намали нивната ефикасност.rn
2. Електроника
rnОсвен тоа што се вредни, електронските уреди како што се лаптопот, мобилниот и УСБ стикот содржат информации кои многу лесно можат да се украдат. Ако се најдете во ситуација кога морате да го оставите лаптопот или мобилниот без надзор, внимавајте информациите да ви бидат кодирани. На тој начин, крадецот нема да може да ги види информациите без да го внесе кодот. Кодирањето на уредите е добра заштита која тешко може да се пробие и е многу посигурна од лозинката.rn
3. Крема за сончање
rnМожеби ќе ви звучи контрадикторно, но високите температури ги уништуваат активните состојки во кремата. Ако ја оставите кремата со заштитен фактор во автомобилот на голема жештина, тоа може да ја намали нејзината ефикасност. Освен тоа, поради топлината кремата може дури и да експлодира и да ви го извалка автомобилот.rn
4. Шише вода
rnАко оставите пластично шише вода во жежок автомобил, тоа може да предизвика развој на микроорганизми во водата кои се штетни за здравјето. Затоа секогаш имајте шише со свежа вода.rn
5. Рачна чанта
rnОставањето на рачната чанта или паричникот на седиштето, односно на кое било видливо место, е отворена покана за крадците да ви го обијат автомобилот и да ви ја украдат чантата. Не е воопшто важно дали од чантата сте ги извадиле сите вредни работи, крадците не знаат дека во неа нема ништо и веројатно ќе ризикуваат.rn
6. Очила
rnПоради топлината во автомобилот, пластичните рамки на очилата можат да се деформираат, а металните рамки толку да се загреат што очилата ќе станат жешки и нема да можете да ги носите. Доколку ги оставате очилата (и оние со диоптер и оние за сонце) на возачката табла, може да предизвикате уште поголема штета бидејќи стаклото на шофершајбната ги привлекува сончевите зраци.
rn
7. Важни документи
rnДоколку со себе носите важни лични документи кои морате да ги испратите по пошта, таа обврска нека ви биде приоритет. Односно, одбегнувајте да ги возите документите наоколу со автомобилот. Што побрзо ги извадите од автомобилот, толку посигурни ќе бидете дека никој нема да ви ги украде.rn
8. Пасош
rnНикогаш не го оставајте пасошот во автомобил кога патувате. Да се украде нечиј идентитет е многу полесно преку пасош отколку преку возачка дозвола. Сите документи кои ги содржат вашите податоци за идентификација мора да ги сметате за многу вредни, исто како што го правите тоа со вашиот мобилен телефон.rn
9. Вино
rnАко треба да купите вино, направете го тоа после работа или откако ќе ги завршите сите дневни обврски. Доколку шишето се загрее премногу, тоа може да го расипе вкусот на виното, а и течноста може да го прошири волуменот и да почне да истекува од тапата или да ја поттурне, така што ќе го контаминира виното во шишето.

