КАФЕ ПАУЗА

9 особини кои вонземјаните мора да ги поседуваат

9 особини кои вонземјаните мора ги поседуваат

Сликата што Холивуд ни ја дава за вонземјаните воопшто не е реална и служи само за потребите на нивните филмови. Ако ги прашате научниците какви карактеристики би можеле да имаат вонземјаните, тие ќе ви дадат десетици одговори за нивниот можен изглед и однесување. Секој од нив има свои теории, секој има свои видувања, но сите се едногласни кога станува збор за одредени карактеристики кои нашите идни пријатели или непријатели од други галаксии би морале да ги имаат.rnrn9 особини кои вонземјаните мора ги поседуваатrn

1. Агресивност

rnЗа еден вид да опстои на одредено подрачје тој треба да ги покори опасностите кои му стојат на патот кон опстанокот. Вонземјаните со кои ние евентуално би воспоставиле контакт мора некако да доминираат на својата планета, а на другите видови да гледаат како на ресурс, како што ние гледаме на растенијата и на животните.rn

2. Истражувачи

rnАко некој вонземски вид стигне до нашата планета, тогаш тој мора да е истражувачки вид. Стивен Хокинг вели дека ако тие дојдат кај нас сигурно би биле интелигентни и не би започнале војна веднаш, туку би барале начин како да ги искористат овдешните ресурси во своја полза. Нешто слично како што правеле Европејците по откритијата на Марко Поло и Кристофер Колумбо.rn

3. Имунитет

rnВонземјаните нема да умрат од вирусите и бактериите на Земјата, затоа што имаат имунитет кога тие се во прашање. Вирусите и бактериите кои се на Земјата можат да опстанат само во средини со кои се биомеханички поврзани, така што оние со кои ние се соочуваме можат да преживеат само со нашата ДНК. Ако се закачат на вонземски вид, нема да му можат ништо.rn

4. Не јадат луѓе

rnНаучниците сметаат дека вонземјаните нема да нè изедат ако дојдат овде од повеќе причини. Вид кој патува низ вселената веројатно ја има потиснато и надминато потребата да јаде живи суштества, а прашање е и колку би можел да се нахрани од луѓето или овдешните животни. Исто така, на бродот со кој патуваат низ галаксиите сигурно би имало доволно храна за нив.rn

5. Убиваат на софистициран начин

rnАко дојдат со лоши намери, тој интелигентен вид сигурно нема да нападне варварски како во „Војна на световите“. Ако најдете бубашваби во вашиот дом, нема да ги убивате една по една, туку ќе употребите некакво хемиско средство кое наеднаш ќе ги убие сите. Научниците очекуваат и евентуално лошите вонземјани да го сторат истото.rnrn9 особини кои вонземјаните мора ги поседуваатrn

6. Супер интелигентни

rnАко дошле до овде тогаш мора де се супер интелигентни, тоа е јасно. Иако се претпоставува дека се агресивни, за очекување е да надвладува нивната интелигенција и да бидат рационален вид кој повлекува пресметани потези. Во филмовите често пати се претставени како варвари, но факт е дека такво поведение демонстрираат само ниско интелигентните видови, а не такви кои знаат како да отпатуваат од една во друга галаксија.rn

7. Не се човеколики

rnЧовекот го добил својот облик како резултат на сопствената еволуција во средината во која живеел. Ако планетата од која доаѓаат вонземјаните нема дрвја и планини, тие сигурно ќе се развијат на поинаков начин. Можеби и личат на луѓе, но шансите за тоа се многу мали.rn

8. Имаат јазик и писмо

rnСекоја развиена цивилизација има свој јазик и писмо за комуникација. Овие вселенски патници мора да имаат развиено и уште понапреден начин на комуникација помеѓу галаксиите.rn

9. Немаат супермоќи

rnВид којшто развил технологија за патување во вселената сигурно престанал да еволуира физички и затоа може да се очекува дека не се нешто особено физички моќни.