rn
5. Калапана, Хаваи
rn
rnrnВо 1986 година лавата од еден вулкан го претворила ова место во град на духови. Но и покрај тоа овде сепак живеат неколку луѓе. До 2010 година во Калапана имало 35 куќи.rn
6. Куќите на дрва на народот Короваи, Индонезија
rn
rnrnКороваите се луѓе кои се населени на југоисточната Западна Папуа во Индонезија. Тие се познати по нивните колиби кои ги градат на дрвја, и тоа понекогаш на височина од 50 метри. Короваите на овој начин ги избегнуваат поплавите и непријателските племиња.rn
7. Колибата Солвеј, Швајцарија
rn
rnrnОваа планинска колиба се наоѓа на 4.003 метри надморска височина. Во внатрешноста има 10 кревети и радиотелефон. Во колибата нема храна бидејќи се користи само за итни случаи кога има временски непогодности.rn
8. Сантос – градот на кривите кули, Бразил
rn
rnrnОд фотографијата можете да забележите дека нешто не е во ред со овој пејзаж. Грешките кои сега е невозможно да се поправат биле направени кога се поставувале темелите. Поради недоволна длабочина, темелите не можат да ги издржат огромните згради. И покрај тоа што зградите „танцуваат“, станарите не ги напуштаат.rn
9. Азиските планински патишта
rn
rnrnИ покрај опасноста од големата височина, овие патишта се многу прометни и се единственото превозно средство кое можат да си го дозволат поголемиот број жители. Тие се толку навикнати на патиштата што се охрабруваат да се возат и на кровот на автобусите.