КАФЕ ПАУЗА

8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духови

8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духови

rn

5. Проколнатиот гроб на Карл Пруит

rn8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духовиrnrnПриказната започнала во Кентаки во 1938-ма година кога еден човек по име Карл Пруит ја пронашол неговата сопруга со друг маж. Сопругата ја задавил, а потоа се самоубил. Другиот маж избегал. Откако бил закопан, луѓето забележале дека на неговата надгробна плоча се појавило нешто што наликувало на синџир.rnrnЗа кратко се појавиле неколку несреќни случаи со давење кои биле поврзани со гробот на Карл. И покрај тоа што било тешко да се поверува дека станува збор за случајност, двајца полицајци се охрабриле и се фотографирале со гробот. Кога излегле од гробиштата забележале дека биле следени од силна светлина. Биле во автомобил и почнале да возат побрзо, и на крај удриле во ограда. Еден од полицајците умрел, а неговата глава била речиси откината од синџирот на оградата.rn

6. Стариот работник

rn8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духовиrnrnВо 19-тиот век во Англија, судиите се потпирале на доказите од очевидците со цел да ја одредат причината за смртта во случаи кога се верувало дека има нешто натприродно. Во Бристол во 1841-ва година, Патрик Хајес паднал по скали и умрел. Сопругата на сопственикот на крчмата во која загинал Патрик, Мери Крокер, изјавила дека го слушнала кога паднал. Таа извикала и прашала кој паднал и добила одговор: „Јас, и мртов сум“. Мери изјавила дека мажот сигурно го видел духот на куќата – жена со свилена ноќница која веќе убила тројца мажи.rn

7. Случајот со Џек Скокачот

rn8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духовиrnrnДруга трагична приказна од 19-тиот век е за смртта на 7-годишната Џејн Халсл од Англија која наводно загинала од рацете на суштеството познато како Џек Скокачот. Приказните за Џек се раскажувале со децении пред смртта на Џејн.rnrnКога Џејн им кажала на родителите дека нејзините пријатели ја предупредиле за доаѓањето на Џек Скокачот, нејзините родители се обиделе да ја убедат дека тоа е лага. Но, истата ноќ Џејн се разболела и изгубила свест додека да дојде докторот. Шест часа пред нејзината смрт таа рекла: „Духот доаѓа“. Судијата заклучил дека умрела од страв и вината му ја префрлил на Џек.rn

8. Семејството Џејмисон

rn8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духовиrnrnВо 2009-та година семејството Џејмисон како да исчезнало од лицето на Земјата. Нивните тела не биле најдени цели 4 години и биле откриени во шумата во близина на нивниот камион којшто бил пронајден во 2009-та. Пред нивното исчезнување семејството му кажувало на секој што слуша дека биле прогонувани од дух и дека Медисон, нивната 6-годишна ќерка, редовно разговара со дух на девојче кое умрело во куќата пред неколку децении.rnrnНа денот на исчезнувањето, безбедносната камера ги снимала како го паркираат автомобилот и се во состојба што наликува на транс. Не е одредена причина за смртта, а постојат шпекулации дека членовите биле опседнати од духовите од нивниот дом. Бидејќи кога биле пронајдени телата биле речиси целосно распаднати, нема како да се дознае што ги убило членовите на семејството Џејмисон.rnrnПрочитајте ги и приказните за училишта со духови кои стигнале до медиумите.