По многу тестови и многу извештаи, истражувачите забележале некои врски помеѓу навиките и одликите на личноста. Поточно, начинот на кој ја носите чантата или начинот на кој ја поставувате ролната тоалетна хартија може да каже малку повеќе за карактерот отколку што мислите. Всушност, можете да донесете заклучок за некого заснован врз неговите секојдневни навики.rn
1. Начинот на кој обично ја носите чантата
rn
rnrnВо едно интервју, еден експерт за говорот на телото споделил дека начинот на кој обично ја носите чантата може да открие некои интересни работи за вас.rn
- rn 011
- Ако чантата ви виси на лактот со свиткана рака: Ова обично значи дека сте деловна жена. Прикажува доверба, а кралиците често ги носат чантите вака.
- Ако ја држите чантата под рака како зграпчена: Ова значи дека сте опуштени и не сте премногу загрижени за вашиот изглед.
- Ако ја обесувате преку рамото: Не чувствувате потреба да криете нешто. Исто така, ова е практичен начин на носење на чантата.
- Ако ја држите чантата за рачките: Ова може да открие дека не сте сигурни во себе затоа што не е најпрактичен начин за носење чанта.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnЕкспертот за говор на телото додава дека овие сигнали не се секогаш точни за секого и не се секогаш доследни. Сепак, откриваат дали жената ја носи чантата на одреден начин многу често како навика.rn
2. Начинот на поставување на тоалетната хартија
rn
rnrnНачинот на кој ја закачувате ролната тоалетна хартија е важен затоа што открива дали сакате да ги контролирате другите или сте опуштена личност. Лекарот тестирал 2.000 мажи и жени и открил дека оние кои ја местат тоалетната хартија „над“ се подоминантни, а луѓето што ја местат тоалетната хартија „под“ се покорни.rn
3. Начинот на кој правите селфи
rn
rnrnИстражувачите откриле и некои модели на однесување во начинот на кој се прави селфи. Како што се испостави, дружељубивите луѓе се фотографираат одоздола, а посовесните луѓе ретко го покажуваат приватниот простор во позадина.rnrnЛичностите кои се отворени за нови искуства покажуваат позитивни емоции што се поизразени, а вознемирените луѓе имаат тенденција да се сликаат со напрчени усни.rn
4. Начинот на одење
rn
rnrnЕкспертите за говорот на телото забележале поврзаност помеѓу вашиот начин на одење и вашиот карактер. Луѓето со наведнати рамена се склони да бидат тажни, а тие што се среќни потскокнуваат додека се движат.rnrnИсто така, начинот на одење може да послужи како знак за ранливост. Истражувачите сугерираат дека можете да откриете ранлива личност од нејзиниот начин на одење. Кога ќе ја навалите главата, тоа може да покаже дека сте чувствителни и слаби во моментот.rn
5. Вашето ракување
rn
rnrnРакувањето на една личност може да биде поврзано со некои аспекти на нејзиниот карактер, како што покажа истражувањето. Луѓето што се ракуваат цврсто се повеќе екстровертни, па затоа се поотворени за нови искуства. Исто така, тие се помалку невротични и срамежливи од оние што се ракуваат млитаво.rn
6. Времето што го поминувате на вашиот телефон
rn
rnrnНаучниците забележале поврзаност помеѓу зависноста на човекот од неговиот мобилен телефон и неговата емоционална стабилност. За време на истражувањето, од учесниците било побарано да оценат неколку изјави, како што се: „Поминувам повеќе време отколку што треба на мојот мобилен телефон“ и „се вознемирувам кога мојот мобилен телефон не е во близина“.rnrnРезултатите откриле дека луѓето кои биле зависни од своите телефони и поминувале многу време на социјалните мрежи имаат тенденција да бидат повознемирени и невротични.rn
7. Вашата точност
rn
rnrnТочноста е фактор што многу се цени на работното место. Истражувањето открило дека луѓето кои доцнат на работа или порано си заминуваат од работата може да имаат помала мотивација. Истото може да се каже и за спротивното – ако сте секогаш на време, имате добра мотивација. Но, важно е да ги натерате луѓето да си заминуваат кога ќе заврши работното време затоа што ако останат подолго може да се чувствуваат истоштени.rn
8. Вашите знаци на нервоза
rn
rnrnНаучниците ги снимале луѓето за време на разни ситуации и ги гледале нивните реакции. Резултатите покажале дека перфекционистите почесто поокажуваат знаци на стрес, фрустрација и досада.rnrnОва може да биде така затоа што перфекционистите повеќе сакаат да прават нешто отколку да не прават ништо.rnrnПрочитајте што открива вашата елка за вас.
