Креветот ви е наместен, тоалетот исчистен и кујната средена, но дали вашиот дом е навистина чист? Нечистотијата се наоѓа и на крајно неочекуваните места. Погледнете ја следнава листа и дознајте дали и вие како повеќето луѓе занемарувате да ги исчистите овие клучни места во вашиот дом.
rn
1. Кафематот
rnВашиот кафемат има потреба од миење бар еднаш во месецот. Ставете 50 проценти вода и 50 проценти оцет во машината, исклучете ја на половина од нејзината работа, па после еден час вклучете ја да го заврши циклусот. Потоа, исплакнете со чиста вода за да го снема мирисот од оцетот.rn
2. Декоративните перници
rnЗнаете ли дека е особено важно редовно да се перат перниците коишто го украсуваат вашиот кревет? Без разлика дали ги користите за да ги потпирате нозете, или пак да ја одморите главата по напорниот ден, врз нив се собира прашина и нечистотија. Затоа, практикувајте одвреме-навреме да ги чистите и нив.rn
3. Кујнската канта за отпадоци
rnДали сте почувствувале непријатен мирис од кантата дури и откако ќе го фрлите ѓубрето? Тоа може да биде резултат од разни остатоци од храна коишто останале во неа, но не можете да ги видите. Затоа, испрскајте ја со средство за дезинфекција и темелно исчистете ја.rn
4. Теписите
rnТие можеби изгледаат чисти со голо око, но вистината е дека често се полнат со прашина и бактерии. Проверете го начинот на кој треба да се чистат, па посветете се на нивното редовно дезинфицирање.
rn
5. Машината за миење садови
rnОва може да ви изгледа чудно, но дури и машината за миење садови треба да се чисти. Таа се затнува со остатоци од храна, ѓубриња, па дури и мувла. Затоа, не заборавајте да ја вклучите во вашиот план за чистење.rn
6. Декорациите во бањата
rnБез разлика дали се работи за чашата каде што ја чувате вашата четка за заби или пак за други предмети во бањата, тие содржат многу бактерии. Не заборавајте да ги дезинфицирате и нив наредниот пат кога ќе ја чистите вашата бања.rn
7. Машината за перење алишта
rnАко некогаш сте забележале дека вашата облека по перењето мириса помалку свежо, тогаш веројатно е момент да ја исчистите машината за перење. Овие машини се особено подложни на мувла, па затоа повремено бараат да бидат темелно исчистени.rn
8. Копчињата, рачките и прекинувачите
rnСо оглед на тоа што честопати се допираат со нечисти раце, овие места содржат доста бактерии, а често се занемаруваат да се исчистат. Затоа, не заборавајте да се справите со овие жаришта на бактерии.

