Животот не станува полесен, туку вие станувате посилни. Станувате посилни не затоа што мора да бидете издржливи, туку затоа што учите. Учите како да размислувате, што да правите и како да согледувате одредени искуства на начин што ви овозможува да растете и да се приспособувате на вашите околности, наместо да дозволите да ве поразат.rnrn
rnrnОва се верувањата од коишто мора да се ослободите ако сакате да станете ментално здрава личност.rn
1. „Мора да одговорам на сè што ми пречи.“
rnЗа време на вашиот живот, ќе се соочите со луѓе, со околности и со ситуации што понекогаш може да бидат фрустрирачки, неправедни или вознемирувачки.rnrnЧестопати, вашите заклучоци ќе бидат оправдани. Вашиот гнев ќе биде оправдан. Вашата реакција ќе биде оправдана.rnrnСепак, поради сопственото ментално здравје, не можете да одговорите на секоја ситница што ве мачи. Мора да научите кој и што го заслужува вашето внимание.rnrnОна на што ја трошите вашата енергија е она што ќе го имате во животот.rn
2. „Јас се дефинирам според моите најлоши грешки и според моите најголеми достигнувања.“
rnОвој начин на кој се гледате себеси не е ниту здрав, ниту реален.rnrnЛуѓето имаат тенденција да мислат дека само една или две работи ги дефинираат како личности: најлошите или најдобрите работи од нивното минато. Но, тоа не е целосно точно.rnrnВие сте дефинирани според тоа како се однесувате кон другите луѓе, колку сте љубезни и како се чувствуваат другите кога се околу вас.rnrnЛуѓето што навистина се грижат за вас не размислуваат за вашите најголеми неуспеси или успеси кога се околу вас.rnrnМоже да одржувате рамнотежа така што ќе сфатите дека не сте толку лоши, ниту пак, толку совршени колку што си мислите.rn
3. „Мојот напредок зависи од моите материјални успеси.“
rnЛесно е да мислите дека вашиот успех се мери според она што другите луѓе може да го согледаат, односно со вашите земски достигнувања.rnrnБез разлика дали се работи за припадност, статус, физичка привлечност или што било друго, лесно е да мислите дека вие сте само збир на она што другите можат физички да го видат.rnrnВистината е дека вашиот внатрешен раст е далеку подлабок и честопати многу посуптилен од тоа.rnrnВашиот раст зависи од вашата подготвеност да размислувате, да направите промена, да се одморите и да го смените начинот на кој размислувате.rn
4. „Јас сум збир на мислењата на другите луѓе за мене.“
rnСе разбира дека ќе продолжите да се плашите од мислењата на другите луѓе ако мислите дека тоа ве дефинира вас. Но, не ве дефинира тоа.rnrnМислењата на другите луѓе за вас се привремени, минливи, постојано се менуваат и во голема мера се филтрираат преку нивните чувства, верувања и недоверба.rnrnИако е во ред да се запрашате зошто луѓето имаат формирано токму такво мислење за вас, сепак тоа не треба да го земете здраво за готово.rnrnОна што е многу поважно е како вие се гледате себеси и покрај мислењата на другите луѓе.rn
5. „Ако не сум најдобар, не сум доволно добар.“
rnСветот ќе ве убеди дека животот е конкурентски спорт и дека вие сте добри само ако сте подобри од некој друг. Но, тоа не е вистина.rnrnУбавината на некоја друга личност не значи дека вие не сте убави. Успехот на другите не значи дека вие не сте успешни: Среќата на другите не значи дека вие не сте среќни.rnrnСекој поединец живее своја верзија на добар, здрав и среќен живот.rn
6. „Другите луѓе го заслужуваат моето почитување само ако го заработат.“
rnСите ја заслужуваат ваша почит. Тоа важи дури и ако сте скарани со некого, ако не се согласувате со неговите постапки или не го сакате како целина.rnrnАко на луѓето им пристапувате со почит и достоинствено, многу полесно ќе ви биде да пронајдете мир во себе, дури и кога сте згрешиле или не сте успеале.rn
7. „Личноста покрај која се чувствувам најсилно е личноста покрај којашто сакам да останам засекогаш.“
rnНе е важно колку силно се чувствувате, што ви кажува таа личност, кои ветувања ги остварила, а кои не или колку поврзано се чувствувате, ако таа личност не е подготвена да ѝ се посвети на врската, тогаш таа не е за вас.rnrnВие заслужувате личност која презема акција, а не само што ќе ви дава празни ветувања.rn
8. „Надворешниот свет ја контролира и ја диктира мојата судбина.“
rnКога мислите дека надворешниот свет има моќ да ве спречи да го постигнете тоа што сакате, тоа значи дека се плашите од неуспехот.rnrnКога станувате повеќе свесни за себе, дури и ако работите не се одвиваат така како што очекувавте, секогаш можете да ги контролирате нарацијата и крајната дестинација.rnrnБез разлика на неуспехот, секогаш можете да се приспособите, да се усогласите и да научите нешто ново.rnrnПогледнете кои знаци откриваат дека сте ментално здрава личност.