КАФЕ ПАУЗА

8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личност

rn

5. Менување на изгледот кај Ацтеките

rn8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личностrnrnЗнаците за созревање биле потрајни кај Ацтеките. Девојчињата добивале белези на едниот колк и едната дојка кои покажувале дека можат да одат на училиште. Машките добивале пирс на устата на истата возраст. Ова се случувало за време на церемонија каде што децата биле учени како да се однесуваат и им кажувале што очекуваат нивните семејства од нив. Децата останувале во новото училиште сè додека не стапеле во брак, што било симболично за нивното влегување во светот на возрасните.rnrnПовеќето момчиња го фаќале првиот воин непријател на 15-годишна возраст. Тогаш ја стрижеле нивната коса, така што била долга само над десното уво. Требало да фатат уште еден непријател за да ја скратат косата целосно.rn

6. Ритуали за пубертет кај Инките

rn8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личностrnrnЗа Инките, девојчињата станувале жени штом ќе ја добиеле првата менструација. Кога ќе се случело ова, девојчето останувало во куќата без храна. На третиот ден ѝ давале малку пченка, мајка ѝ ја бањала, ѝ ја плетела косата и ѝ давала нова чиста облека. Потоа доаѓале роднините и девојчето им служело храна и пијалаци. Ова било важна церемонија каде што најблискиот чичко му давал име на девојчето, а другите роднини ѝ давале подароци.rnrnЗа благородните момчиња од Куско, се организирала церемонија во декември кога имале 14 години. Пред церемонијата тие жртвувале лама, а свештеник ставал од крвта на животното на челото на момчето. После ова следувало танцување и повеќе жртвувања.rn

7. Пешачење на Абориџините

rn8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личностrnrnАвстралискиот ритуал на Абориџините го изведувале тинејџери кои станувале возрасни, најчесто на возраст помеѓу 10 и 16 години. Пред пешачењето, старешините го учеле детето за светот на возрасните, како да преживее и како да го изведе ритуалот. Самото пешачење траело 6 месеци и момчињата понекогаш изодувале и до 1.600 километри.rnrnВо овој период се очекувало детето само да преживее во дивината, со цел да докаже дека може да се грижи за себе. Детето го напуштало племето само со наметка. Во некои племиња се вадел еден од забите на децата, или им се ставале обетки на носот или ушите. Овој ритуал не бил само за физичка издржливост, туку детето требало да се открие себеси и да комуницира со неговите духовни водичи. Кога детето ќе се вратело во племето, го сметале за возрасна личност.rn

8. Келтски подвиг

rn8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личностrnrnКај ирските Келти, ритуалот за созревање бил многу важен за момчињата. Ова бил религиски настан кој го претворал момчето во воин и во маж. Ритуалот се состоел од подвиг чија природа зависела од племето. Некои момчиња биле испраќани во шумата, каде што требало да најдат одредени предмети со кои ќе покажат дека се способни да се грижат за себе. Други требало да одат во дивината на многу подолги експедиции. Со ова покажувале колку добро можеле да се грижат за себе. Келтите верувале дека момчињата можеле да добијат помош од бог или божица, што било важен дел од станувањето возрасна личност. Понекогаш и девојчињата го правеле ова, иако за нив не било неопходно.rnrnПогледнете ги и овие неверојатни антички техники за претскажување на иднината.