7 тешки прашања кои треба да си ги поставите пред да го добиете животот кој го посакувате

Сподели

Успехот може да биде различно дефиниран од различни видови луѓе. Но, многу често тој се поврзува со начинот на кој другите ве перципираат, наместо со вашите лични желби и потреби. Токму затоа погледнете ги следниве 7 важни прашања кои мора да си ги поставите бидејќи важно е да го знаете нивниот одговор. Тоа е единствениот начин да знаете на каде се движите и што ви е најважно во вашиот живот.

Реклама

rn

1. Што се наоѓа на другата страна од успехот?

rnШто очекувате да се случи кога ќе стигнете до „врвот“? Да ви се восхитуваат? Да бидете недопирливи? Да им докажете на луѓето дека навистина сте способни и компетентни? Успехот доаѓа со многу голема одговорност и константен страв дека ќе се откажете и изгледате неуспешно. Кога се грижите само за постигнување мерлива форма на успехот, вие всушност го правите вашиот живот многу помал одошто навистина е.rn

Реклама

2. Зошто сакате да бидете богати?

rnАко имате милијарда долари, што би правеле со нив? Дали би ги тргнале настрана за да можете да живеете удобно и помалку да работите? Дали ќе си дозволите екстраваганција? Што овие одговори ви велат за вашето моментално место во животот? Дали премногу работите и чувствувате како никогаш да не е доволно? Или пак, чекате сè да ви падне од небо?rn

3. Ако никогаш не добиете признание за вашиот успех, кон што би тежнееле?

rnАко знаевте дека можете да успеете во што било, но да не бидете признаени за тоа, што би направиле? Кому би помогнале? Која би била вашата цел тогаш?rn

4. Што најмногу ве плаши во идејата да не бидете успешни?

rnДали се движите кон одредена цел или стравовите ве туркаат во спротивната насока? Дали вашата работа ја олеснува вашата анксиозност? Дали ја создавате и задржувате оваа анксиозност бидејќи ве полни со енергија и мотивира?rn

Реклама

5. Кому сè уште се обидувате да се докажете?

rnКога замислувате дека сте успешни во вашиот живот, што гледате? Дали се обидувате да видите што другите луѓе размислуваат за вас и ако да, кои се тие? Дајте им имиња на лицата ако можете. Ако станува збор само за одреден вид луѓе, на пример, соучениците од средно училиште, размислете зошто токму тие се дел од вашата мисија за иднината. Што сакате да докажете со вашите постапки?rn

6. Кое непријатно чувство го елиминира идејата да бидете успешни?

rnДали самата мисла дека сте успешни ве прави да се чувствувате повредно и посакано? Како конечно вашиот живот да има значење?rn

7. Ако не се грижевте за вашиот успех, што друго би правеле со животот?

rnАко се откажете од сè – желбата да бидете различни, подобри, побогати, повеќе истакнати, понапредни, поуспешни… Што би правеле? Како би го искористиле времето доколку не се грижите за сите овие нешта? Не заборавајте дека понекогаш токму оној дел од вашиот живот кој го запоставувате може да биде токму тој дел во кој сакате да видите успех.

Најново

Може ќе ве интересира