КАФЕ ПАУЗА

7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно денес

7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сега

Секој временски период има свои трендови, како во модата, така и во изгледот. Во минатото, стандардите за убавина биле толку необични, па доколку жените сакале да имаат совршени резултати морале да користат навистина чудни методи. Веројатно сте слушнале за врзување на нозете и за истегнување на вратот со метални прстени. Исто така, имало и експерименти за „убавина“ кои не само што биле болни, туку биле и опасни.rnrnПогледнете кои други ритуали за убавина постоеле во минатото.rn

1. Веѓи во повеќе бои

rn7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сегаrnrnШто се однесува до човечкото лице, веѓите веројатно најмногу страдале кога станувало збор за стандардите за убавина. На пример, во античка Грција, биле модерни споените веѓи и доколку кај жената не биле споени, таа користела специјален „имплант“ направен од козјо крзно.rnrnНо, жените од средновековна Кина отишле уште подалеку. Во II и III век, тие почнале да ги прават веѓите шарени. Еден од императорите во тоа време им наредил на своите жени да имаат сино-зелени веѓи. За да одговорат на наредбата, жените ги отстранувале своите веѓи и цртале нови, користејќи скапо мастило кое се увезувало од други земји. Тоа не се правело само заради задоволство на императорот, но тоа било и негов начин да им покаже на другите луѓе колку е тој богат, бидејќи само многу богатите луѓе можеле да си го дозволат тоа мастило.rnrnНо, овој тренд не живеел многу долго и природните веѓи повторно биле популарни. Обликот варирал од долги и тенки до кратки и дебели веѓи.rn

2. „Високи“ чела

rn7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сегаrnrnНа крајот на XIV век, кралицата Исабеу од Баварија, според историчарите, го поставила трендот за високи чела и долги, тенки вратови. За да ги следат стандардите за убавина, жените ја отстранувале косата на челото и на задниот дел од главата, па дури ги отстранувале и веѓите. Исто така страдале и трепките: понекогаш ги отстранувале целосно, и тоа не само од горниот капак, туку и од долниот.rn

3. Долги нокти

rn7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сегаrnrnВо Кина, долгите нокти биле во тренд неколку векови и причината била прилично невообичаена: долгите нокти биле знак дека сопственикот не морал да работи ништо со своите раце, бидејќи можел да си дозволи да плати слуги.rnrnЗа време на Династијата Кинг која владеела во земјата скоро 3 века (do пред почеток на XX век), овој тренд го достигнал својот врв. Тоа не било многу пријатно, па затоа владетелите имале долги нокти само на прстите со прстен и малите прсти. За да го избегнат кршењето, тие носеле специјални „кутии“ изработени од благородни метали.rn

4. Бледа кожа

rn7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сегаrnrnТрендот на многу бледа кожа го достигнал својот врв во XVIII век во Англија. За да ја направат кожата што е можно побледа, жените користеле прилично необични методи како на пример суво коњско ѓубриво. Но, најопасниот метод бил со олово кое со користело за избледување на лицето. Најголеми количини на олово имало во црвената боја која се ставала на усните и образите за да се создаде контраст. Покрај тоа, жените користеле сини моливи и си исцртувале вени на лицето за да го истакнат нивното бледило.rn

5. Бели заби

rn7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сегаrnrnЛуѓето кои живееле во Грегоријанско доба не само што ја избледувале својата кожа, туку ги избелувале и забите. За да ги направат бели, тие користеле прав кој содржи сулфурна киселина. Поради тоа забите и непцата на луѓето се уништувале, но богатите луѓе оделе на заболекар и можеле да си дозволат импланти. Користеле донирани заби кои луѓето им ги давале на лекарите.rnrnПо битката кај Ватерло, забите на војниците кои починале биле користени како импланти. И покрај тоа што во втората половина на XIX век постоеле импланти направени од порцелан, некои од докторите одбивале да ги користат и ги претпочитале забите од војниците.rn

6. Светла коса

rn7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сегаrnrnБлагодарение на Петрарка и неговата муза, Лаура, која била симбол на убавината и доблеста, светлата коса  во XV век станала многу популарна. За да ја осветлат косата, жените ги боеле своите локни. Но, постапката траела многу подолго отколку денес и тоа до неколку дена. Во текст напишан во XIX век било просведочено дека процесот на осветлување на косата се изведувал во 2 фази. Откако ќе се направела првата мешавина, која се состоела од неколку компоненти, ја покривале косата со листови и оставале да стои 2 дена. Потоа ја измивале таа смеса и нанесувале друга, што стоела на косата уште 4 дена.rn

7. Тенок струк

rn7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно сегаrnrnПрототипите на корсетите кои се користеле за струкот да изгледа потанок, се појавиле во бронзеното доба. Но, според различни експерти, луѓето во Европа започнале да ги користат во XV или XVI век. Врвот на овој тренд бил достигнат за време на владеењето на Катерина де Медичи и во овој период корсетите го смалувале обемот на струкот и до 25 см, што предизвикувало ужасни последици врз внатрешните органи.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 16-те чудни холивудски трикови за убавина од минатото.